Ли Џенгдао
Ли Џенгдао (кинески: 李政道, пинјин: Lǐ Zhèngdào) или Цунг-Дао Ли англиски: Tsung-Dao Lee или T. D. Lee; 24 ноември 1926 - 4 август 2024) — кинески физичар роден во Америка познат по неговата работа во истражувањето на нарушувањето на парноста, Лиовиот модел, честичната физика, физиката на релативистичките тешки јони, нетополошките солитони, солитонски ѕвезди и др.[1] Бил почесен проесор на универзитетот „Колумбија“, каде што предавал од 1953 година па сè до 2012 година кога се пензионирал.
Џингдао Ли 李政道 | |
---|---|
Ли Џенгдао | |
Роден(а) | 24 ноември 1926 Шангај, Кина |
Починал(а) | 4 август 2024 Сан Франциско, Калифорнија, САД | (возр. 97)
Државјанство | САД |
Националност | САД |
Полиња | физика |
Установи | Универзитет „Колумбија“ Институт за напредни студии Калифорниски универзитет |
Образование | Џеѓаншки универзитет во Куенминг (се отпишал). |
Докторски ментор | Енрико Ферми |
Познат по | Нарушување на парноста |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1957) Ајнштајнова награда (1957) Матеучиев медал (1995) |
Потпис |
Во 1957 година, Ли на возраст од 30 години, ја освоил Нобеловата награда за физика заедно со Џенинг Јанг.[2] за нивнта работа на законот за нарушувањето на парноста при слабото заемодејство која била експериментално потврдена од страна на Ву Ѓенсјунг.
Ли бил најмладиот нобеловец по Втората светска војна сè додека Малала Јусафзај не добила Нобелова награда во 2014. Тој е четвртиот најмлад нобеловец во историјата по Вилијам Лоренс Брег кој ја освоил Нобеловата награда на 25 години заедно со неговиот татко Вилијам Хенри Брег, Вернер Хајзенберг кој наградата ја добил исто така на 30 години и Малала Јусазај. Ли и Јанг се првите кинези кои освоиле Нобелова награда, а бидејќи тој станал натурализиран американец во 1962 година тој е воедно и најмладиот американец кој ја освоил Нобеловата награда.
Животопис
уредиСемејство
уредиЛи Џенгдао е роден во Шангај, во семејство со потекло од Суџоу, Ѓангсу.
Таткото на Ли, Ли Џунганг, е еден од првите дипломци во Нанѓиншкиот универзитет, тој бил хемиски индустријалец и трговец и имал улога во раниот развој на синтетичко ѓубриво во Кина. Дедото на Ли, Ли Чунгдан бил првиот виш методистички свештеник од кинеска народност во црквата на Св. Јован во Суџоу.[3]
Ли имал четири браќа и една сестра. Просветарот Роберт Ли бил еден од браќата на Џенгдао. Мајката на Ли и неговиот брат Роберт се преселиле во Тајван во 1950-тите. Биле затворени по грешка за време на белиот терор во Тајван.
Ран Живот
уредиЛи се стекнал со средно образование во Шангај. Поради Втората кинеско-јапонска војна, неговото средношколското образование било прекинато, и затоа не успеал да го заврши. Сепак, во 1943 година, Ли аплицирал и бил примен во Џеѓаншкиот универзитет, каде студирал хемиско инжинерство. Неговиот талент и интерес во физиката значително се зголемил. Повеќето професори по физика, како Шу Сјингбеј и Ванг Ганчанг го советувале Ли, по што тој набргу се преместил во одделот за физика, каде студирал од 1943 до 1944 година.
Попречен од Јапонската инвазија, Ли продолжил да студира на Националниот југозападен здружен универзитет во Куенминг следната година во 1945, каде студирал под водство на професорот Ву Даојоу.
Живот и работа Во САД
уредиПрофесорот Ву го номинирал Ли кај кинеската влада за да биде стипендиран да се образува во САД. Во 1946, Ли бил примен на Чикашкиот универзитет и професорот Енрико Ферми го одбрал да биде под негово докторско менторство. Ли својот докторат под менторство на Ферми го завршил во 1950 година.Тој работел како помошник истражувач и професор по физика на Калифорнискиот универзитет од 1950 до 1951 година.[4]
Во 1953 година, тој се запишал на Универзитетот „Колумбија“ каде останал да работи сè до неговото пензионирање. Првиот проблем кој се обидел да го разреши бил поврзан со решлив модел од квантната теорија за полето подобро познат како Лиов модел. Подоцна, неговиот фокус се насочил кон честичната физика и претстојната агатка поврзана со распадите на K-мезоните. Ли сфатил на почетокот на 1956 година дека за да се разреши на оваа загатка од значење било незапазувањето на парноста. По сусгестија на Ли, распаѓањето на хиперионите било избрано за тестирање од страна на Штајнберговата група. Во тоа време експерименталниот резултат покажал 2 стандарден ефект на стандардна девијациа од можнoто нарушување на парноста.. Охрабрен од резултатите на ова истражување, Ли направил систематско истражување за можно P,T,C и CP нарушување при слабото заемодејство со соработниците меѓу кои бил и Џенинг Јанг. По експерименталното потврдување од страна на Ву Ѓенсјунг за незачувувањето на парноста, Ли и Јанг биле наградени во 1957 година со Нобелова награда за Физика.
Во раните 1960-ти години, Ли и неговите соработници ги поставиле темелите на високоенергетската неутринска физика. Во 1964 година, Ли ги разгледувал отстапувањата поврзани со честичките чија маса на мирување изнесува нула, и го опишал методот познат како KLN теорема за справување со овие отстапувања, која сè уште има голема улога во современата работа во квантната хромодинамика, со своите безмасени глуони. Во 1974-75 година, Ли објавил неколку дела кои довеле до создавањето на современето поле на релативистичката тешкојадрена судирачка физика, која сега доминира целосно во високоенергетската јадрена физика.
Покрај честичната физика, Ли бил активен и во статистичката механика, астрофизиката, хидродинамиката, цврстата состојба, повеќетелните системи, решеткастата квантна хромодинамика. Во 1983 година Ли напишал труд со наслов „Може ли времето да биде дискретна динамичка променлива?“, што довело до низа на објавени дела од страна на Ли и неговите соработници за запишувањето на основната физика во облик на диференцијални равенки, но со точна непроменливост од непрекината група на транслациони и вртежни преобразби. Почнувајќи во 1975 година, Ли и соработниците го воспоставиле полето на нетополошки солитони, кои довеле до неговиот труд за солитонски ѕвезди и црни дупки во периодот од 1980 до 1990 година.
Од 1997 до 2003 година Ли бил директор на центарот за истражување RIKEN-BNL, сега почесен директор кој заедно со неговите други истражувачи од универзитетот „Колумбија“, во 1998 година создале компјутер од 1 терафлоп за решеткастата квантнахромодинамика, а во 2001 година и суперкомпјутер од 10 терафлопи. Неодамна Ли и Фридберг развиле метод за разрешавање на Шредингеровата равенка, што довело до конвергентни повторливи решенија за квантните изродени двојноѕидни потенцијали и други проблеми поврзани со инстантоните. Тие исто така работеле и на исцртувањето на неутринската матрица.
Образовни активности
уредиСкоро по повторното воспоставување на дипломатските односи меѓу Кина и САД, Ли и неговата жена, Хуејџун, можеле да отидат во Кина каде Ли оддржал низа на предавања и семинари и ја организирал CUSPEA (Кинеско-американско здружение за физичко истражување и примена)
Во 1998, Ли го воспоставил фондот за обука на кинески студенти „Ќин Хуеј“ во чест на неговата жена Хуејџун, која починала 3 години порано. Стипендијата „Ќин Хуеј“, надгледувана од Соединетиот одбор за христијанска високо образование во Азија (Њујорк), била доделувана на студенти, нејчесто во нивната втора или трета година на еден од петте универзитети.Фуданскиот универзитет, Универзитетот во Ланџоу, Универзитетот во Суџоу, Пекиншки универзитет и Националениот тајвански универзитет „Ќингхуа“. Студентите одбрани за таква стипендија се наречени „Ќин Хуејови стипендисти“.
Награди и почести
уредиНагради:
- Нобелова награда за физика (1957)
- Медал „Г. Бид“ на Колеџот на Франција (1969, 1977)
- Галилеов медал (1979)
- Орден за заслуги на Италија (1986)
- Медал „Спомен-предавање во чест на Оскар Клајн“ (1993)
- Награда „Наука за мир“ (1994)
- Награда за државно-меѓународна соработка на Кина (1995)
- Mатеучиев медал (1995)
- именување на малата планета 3433 како 3433 Лиџенгдао (1997)
- Научна награда на Градот Њујорк (1997)
- Медал „Папа Јован Павле“ (1999)
- Медал од Министерството за внатрешни работи на Италија (1999)
- Награда на Њујоршката академија на науките (2000)
- Орден на изгрејсонцето, Златно-сребрена ѕвезда, Јапонија (2007)
Членства:
Користена Литература
уредиТехнички извештаи:
- "Conservation Laws in Weak Interactions," Columbia University, United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (март 1957).
- "Weak Interactions," Columbia University, United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (јуни 1957).
- (with C.N. Yang) "Elementary Particles and Weak Interactions," Brookhaven National Laboratory]], United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (октомври 1957).
- "History of Weak Interactions," Columbia University, United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), јули 1970).
- "Energy Electromagnetic and Weak Interaction Processes," Brookhaven National Laboratory, United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), 11 јануари 1972).
Книги:
- Lee, T.D. (1981). Particle Physics and Introduction to Field Theory. Newark: Harwood Academic Publishers. ISBN 3-7186-0032-3.
- Lee, T.D.; Feinberg, G. (1986). Selected Papers, Vols 13. Boston; Basel; Stuttgart: Birkhäuser. ISBN 0-8176-3344-8.
- Lee, T.D. (1988). Ed. R. Novick: Thirty Year's Since Parity Nonconservation. Boston; Basel; Stuttgart: Birkhäuser. ISBN 0-8176-3375-8.
- Lee, T.D. (1988). Symmetries, Asymmetries, and the World of Particles. Seattle: University of Washington Press. ISBN 0-295-96519-3.
- Lee, T.D.; Ren, H. C.; Pang, Y. (1998). Selected Papers, 1985-1996. Amsterdam: Gordon and Breach. ISBN 90-5699-609-6.
- Lee, T.D. (2000). Science and Art. Shanghai: Shanghai Scientific and Technical Publisher. ISBN 7-5323-5609-4.
- Lee, T.D. (2002). The Challenge from Physics. Beijing: China Economics Publisher. ISBN 7-5017-5622-8.
- Lee, T.D.; Cheng, Ji; Huaizu, Liu; Li, Teng (2004). Response to the Dispute of Discovery of Parity Violation (кинески). Lanzhou, Gansu: Gansu Science and Technology Publishing House. ISBN 7-5424-0929-8.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Home | Columbia News“. Архивирано од изворникот на 2012-04-30. Посетено на 2015-12-28.
- ↑ „The Nobel Prize in Physics 1957“. The Nobel Foundation. Посетено на November 1, 2014.
- ↑ „Suzhou St. John Church“. Архивирано од изворникот на 2015-07-13. Посетено на 2015-12-28.
- ↑ HowStuffWorks "Lee, Tsung Dao"
Надворешни врски
уреди- T.D. Lee's English Home Page Архивирано на 15 октомври 2018 г.
- Tsung Dao(T.D.) Lee Archives Online Архивирано на 18 април 2015 г.
- T.D. Lee's Home Page at Columbia University
- Nobel bio
- Brookhaven National Laboratory: Tsung-Dao Lee Appointed as Member of the Pontifical Academy of Sciences
- Celebration of T.D. Lee's 80th Birthday and the 50th Anniversary of the Discovery of Parity Non-conservation Архивирано на 13 декември 2007 г.
- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy