Брезица

село во Општина Петровец
(Пренасочено од Брезица (Скопско))

Брезица — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Брезица
Брезица во рамките на Македонија
Брезица
Местоположба на Брезица во Македонија
Брезица на карта

Карта

Координати 41°52′17″N 21°43′32″E / 41.87139° СГШ; 21.72556° ИГД / 41.87139; 21.72556
Регион  Скопски
Општина  Петровец
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1043
Шифра на КО 25015
Надм. вис. 698 м
Брезица на општинската карта

Атарот на Брезица во рамките на општината
Брезица на Ризницата

Според некои документи Брезица постоела уште пред IX век.

Географија и местоположба

уреди

Брезица се наоѓа во западното подножје на Градиштанска Планина на надморска висина од 698 метри. Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,7 км2, од на обработливо земјиште припаѓаат 147 ха, на пасишта 329 ха и на шуми 661 ха.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Земјоделство, сточарство, живинарство, пчеларство и др.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948372—    
1953357−4.0%
1961189−47.1%
197187−54.0%
198129−66.7%
ГодинаНас.±%
199125−13.8%
19949−64.0%
200213+44.4%
20219−30.8%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Брезниче и било христијанско, каде имало 35 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 135 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 284 жители.[3]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 160 жители.[4]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Брезица имало 350 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Брезица имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]

Селото е зафатено со значителна депопулација и деаграризација, бидејќи од него се иселило грото од населението. Така, во 1961 година селото броело 189 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 9 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Брезица живееле 13 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, селото Брезица има население од 9 жители, сите Македонци и претставува едно од најмалите села во општината и Скопскиот Регион.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 400 372 357 189 87 29 25 9 13 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Брезица e македонско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во Брезица се:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Ѓоревци (2 к.), Стевовци (1 к.), Филиповци (4 к.), Мусовци (1 к.), Дудиновци (3 к.), Малиновци (2 к.), Гусларовци (1 к.), Тошевци (1 к.), Јовановци (2 к.), Стамболџијовци (1 к.), Уњеровци (2 к.), Бокчевци (1 к.), Гроздановци (1 к.), Вренковци (1 к.), Мајсторовци (3 к.), Бунгуровци (1 к.), Милошевци (1 к.), Кендеровци (1 к.), Зрзо (1 к.), Трајановци (3 к.), Масларовци (3 к.), Спасевци (2 к.), Мичевци (1 к.) и Митревци (1 к.)[13]

Општествени установи

уреди

Месна заедница на с. Брезица

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Петровец, која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Петровец.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Петровец.

Културни и природни знаменитости

уреди

Манастир св.Петка - св.Недела и црква св.Троица. Во селото постои водоводен систем изграден пред 2000 г. Постојат и три јавни селски чешми, четири улици, извиднички дом.

Редовни настани

уреди

Секоја година на 7 и 8 август во Брезица се собираат некогашните жители по повод Света Петка - Света Недела. На крајот од селото има два манастира едниот Света Петка другиот Света Недела. Има музика и мини панаѓур. Тоа се деновите кога Брезица повторно живнува како некогаш.

Исто така во селото се слави и 2 август по старата изрека "Свети Илија" - славниот Илинден од 1903 година. Во селото се слави и 31.01 секоја година, славата е зимски Свети Атанас кој се слави и пошироко во околните населени места.

Личности

уреди

Панче Трајковски, Благоја Смилевски, Симо Божиновски, членови на селско — црковниот одбор како и многубројни луѓе во минатото.

Култура и спорт

уреди

Извиднички дом "Јадран".

Иселеништво

уреди

Постои село - град на жалост.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Населени места“. Општина Петровец. 3 февруари 2009. Посетено на 2010-07-22.[мртва врска]
  3. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  4. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 6 јануари 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.

Надворешни врски

уреди