Братислав Живковиќ

Српски фудбалер
(Пренасочено од Братислав Живкович)

Братислав Живковиќ (28 ноември 1970 година, Лесковац) — поранешен српски фудбалер на позицијата играч од средината на теренот. Во текот на својата кариера играл за Дубочица, Војводина, Црвена ѕвезда и италијанската Сампдорија, но се повлекол во 2005 година. По една сезона во Обилиќ и краток престој во БАСК, во јули 2007 година, бил назначен за претседател на Дубочица од Лесковац.[1]

Тој бил играч на Црвена ѕвезда од 1994 година  до 1998 година и освоил една двојна круна и уште две на Купот на Југославија.Еден од повеќето импресивни моменти од неговата кариера бил погодокот на стадионот камп Ноу, во кој Црвена ѕвезда го презела водството против Барселона во Купот на победниците на куповите во 1996 година.Тој бил во репрезентацијата на Југославија од 1996 година до 1998 година.

Наводи

уреди
  1. „Братислав Живковић на челу Дубочице“. Б92. Б92. 22 јули 2007. Посетено на 21 октомври 2013.