Борче Грозданоски
Борче Конев Грозданоски ( 1925 во Бигор Доленци, Кичевско — 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Борче Грозданоски | ||
Роден | 1925 година Бигор Доленци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБидејќи немал можност да се образува, бил принуден да се занимава со земјоделие. Определен за борба против окупаторот, во НОВ на Македонија стапил во летото 1944 година и бил во редовите на Седмата бригада, а потоа во состав на Четириесет и осмата дивизија, со која заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба со Германците во април 1945 година.[1]
Поврзано
уреди- Кичево и Кичевско во НОВ
- Миле Грозданоски (р. 1950) — македонски режисер;
- Живко Грозданоски (р. 1986) — македонски писател
Наводи
уреди- ↑ Отиди кај: 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 47.