Боро Ацевски
македонски сликар и иконограф
Боро Ацевски-Пашата (14 септември 1914 во Скопје — 28 април 1959 во Скопје) — македонски сликар и иконограф. Сликарство учел кај Димитрија Папрадишки.[1]
Боро Ацевски | ||
Роден | Боро Ацевски 14 септември 1914 Скопје, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 28 април 1959 Скопје, ![]() | (возр. 44)|
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар-иконограф |
Покрај со сликарство, учел и соло-пеење кај С. Зикова и П. Холотков.[1]
Животопис Уреди
На почетокот на Втората светска војна (1941) се приклучил кон народноослободителната борба. Во 1943 година како партизан бил еден од основачите на КУД „Кочо Рацин“ во селото Горно Врановци.[1]
Ацевски бил член на Операта и Балетот на Македонскиот народен театар (1948-1951), каде што исполнувал помали тенорски улоги.[1] Имал своја улога и во првата македонска опера Гоце.[2]
Наводи Уреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ацевска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 106. Text "series " ignored (help)
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 384. ISBN 978-608-203-023-4.