Борис Стрезовски
Борис Стрезовски—Учителот ( 1918, Дебар – 30 октомври 1942, Битола) — македонски комунист, учесник во НОБ.[1] Стрезовски бил и учител во битолските села Стрежево и Ѓавато, член на КПЈ, затворен од 1941 година.
Борис Стрезовски-Учителот | ||
Роден | 1918 Дебар, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 октомври 1944 Битола, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБорис Стрезовски е роден во Дебар во 1918 година. Завршил учителска школа и студирал на Филозофскиот факултет во Белград. Како студент бил активен во прогресивното студентско друштво. Поради немање на материјални средства ги напушта студиите и се вработува како учител. Учителствувал во селата Будимирци (Мариовско), Стрежево и Ѓавато (Битолско).
Есента 1940 година бил примен за член на КПЈ во партиска организација во Ѓавато, бидејќи во селото Стрежево таква cè уште не постоела. Благодарение на неговата активност во с. Стрежево била формирана воспитна група од која подоцна ќе биде формирана партиска ќелија.
Во учебната 1941/42 год. Стрезовски бил преместен за учител во с. Ѓавато. Во Ѓавато по негова иницијатива биле формирани младински хор и читалиштето „Годе Делчев” преку кои била вршена политичка агитација меѓу населението, особено меѓу младината на селото. Иако со слабо здравје, Стрезовски ги исполнувал сите партиски задачи. Меѓу другото, тој ја направил и скицата на сите објекти, приоди и сл. на полициската станица во селото Кажани на која бил извршен нападот од страна на партизанскиот одред „Даме Груев”.
Во провалата која настапила по нападот бил затворен, во затворот измачуван и на судскиот процес фашистичкиот суд го осудил на смрт со бесење. Погубувањето било извршено на 30 октомври 1942 во битолскиот затвор кај Црн мост.[2][1]
Спомен-плоча со неговото име стои на ѕидот со спомен-плочи во Споменикот на политичките затвореници во Битола.
Галерија
уреди-
Биста на Борис Стрезовски во паркот во Битола
-
Во заднина на споменикот е ѕидот со спомен-плочи
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-09-11. Посетено на 9 август 2023.
- ↑ Ѓ. Димовски-Цолев, „Два документа од периодот на окупацијата“, „Историја“, II/1971, 176 стр.
Надворешни врски
уреди- Александар Литовски, „На денешен ден во Битола е убиен Борис Стрезовски, учесник во НОБ“, „Апла“, 30.10.2021.