Борис Вијан
Борис Вијан (француски: Boris Vian), (Вил д’Авре, 10 март 1920 – Париз, 23 јуни 1959) – француски писател, поет, музичар, пејач, глумец, пронаоѓач и инженер. Денес е најпознат по своите романи. Објавувал под разни псевдоними (преку 30), а како Вернон Саливен објавил бизарни романи, пародии на кривични фикции, многу контроверзни во времето на нивно публикување кои го однеле на суд, но и му донеле големи приходи. Објавувал и под своето право име, со карактеристичен високо поединечен стил на пишување, со бројни измислени зборови, игри на зборови и надреалистички пристап.
Борис Вијан Boris Vian | |
---|---|
Роден/а | 10 март 1920 Вил д’Авре, О-де-Сен, Франција |
Починат/а | 23 јуни 1959 Париз, Франција | (возр. 39)
Псевдоним | Вернон Саливен, Бизон Рави, Барон Визи, Бризавион |
Занимање | писател, драматург, новинар, инженер, музичар, пејач |
Националност | француска |
Значајни дела | Пената на дните Ќе плукам на вашите гробови Есен во Пекинг Црвената трева Вадисрце |
мрежно место | |
borisvian.com |
Кариера
уредиБорис Вијан по образование бил инженер и како таков работел во Француската асоцијација за стандардизација која го ограничувала за што го напишал својот сатиричен роман „Веркокен и планктонот“ (“Vercoquin et le plankton”) кој го напишал во својата дваесет и трета година. На седумнаесет години Вијан првпат го чул Дјук Елингтон и тогаш научил да свири труба. Му се јавил интерес за американската култура.
Пишува стотини песни, развива кариера на пејач во кабаре, глуми во филмови, стигнува да пишува критики за француски магазин посветен на џезот. Во рок од две години создава два запазени романи, еден ремек-дело „Вадисрце“ во 1946 година, а следната година, под псевдонимот Вернон Саливен, ја создава крвавата приказна „Ќе плукам на вашите гробови“. Овој насилен роман на Вијан бил забранет, а авторот бил казнет со 100.000 франци. Не се смирил и под истиот псевдоним напишал уште два шунд романи. „Ќе плукам на вашите гробови“ следи убиец, американскиот афроамериканец Ли Андерсон кој се одмаздува заради линчувањето на помладиот брат така што силува и убива бели девојки.
Според Џемс Болдвин, американски писател, суштината на таа книга не е во сексуалното изживување, туку зборува за гнев и болка. „Вијан (за тој гнев) можел да чуе во музиката на обоените по подрумите и баровите на тогашниот Париз. Можел тоа да го сознае и од Вилијам Фокнер, Ричард Рајт и Честер Хајмс, но тој тоа го чул во музиката и сигурно го видел на улиците“ забележал Болдвин.[1]
Музика
уредиВијан исто така извршил влијание на француската џез-сцена. Напишал неколку критики за џез-сцените во Париз и објавил бројни статии кои се занимаваат со џезот како во Соединетите Американски Држави така и во Франција. Неговата музика и песни се популарни во текот на неговиот живот, а особено антимилитаристичката песна „Дезертерот“ (Le Déserteur).
Смрт
уредиВо јуни 1959 година оди на проекција на филмската верзија на неговата книга „Ќе плукам на вашите гробови“. Се скарал со продуцентите околу интерпретацијата и реализацијата на филмот од кого и јавно се одрекол наведувајќи дека сакал неговото име да се избрише од списокот на продукцијата. Неколку минути после почетокот на филмот се срушил во својата столица и умрел од срцев удар на пат до болница.
Погребан е на гробиштата во Вил д’Авре.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Борис Вијан“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место на Борис Вијан
- Борис Вијан на IMDb
- Страница на Борис Вијан Архивирано на 7 декември 2013 г. на tamtambooks.com
- Страница на Борис Вијан на amazon.com
- Дезертерот Архивирано на 6 март 2016 г. на antiwarsongs.org
- Boris Vian на Семрежната филмска база на податоци (англиски)