Ѕанабаѕар
Ундур-геген Ѕанабаѕар (монголски:Занабазар; 1635-1723) бил првиот монголски Богдо-геген, владетел на Халха во Надворешна Монголија, будистички религиозен водач и вајар.
Животопис
уредиЅанабаѕар се родил на 25. ден од деветтиот месечев месец во 1635 година во месноста Есон зујл. Тој се родил во семејството на халхаскиот Тушету Хан Гомбодорж и како член на кланот Борџигин. Според зборовите на Сецен Ханот Шолоја, тој можел да стане добар лама и било решено кон тогашните далај и панчен-лама да се испрати пратеник, кој ќе го пренесе тоа.
Препознавање како реинкарнација
уредиКога пратениците пристигнале во Ласа, петтиот далај-лама Лозанг Ѓацо и четвртиот Панчен лама Лобзанг Чоќи Ѓалцен објавиле едка детето е реинкарнација на нивниот неодамнешен политички противник Таранатха, кој насилно починал во 1634 година. Државниот пророк на Тибет, Чојџонг лама ја потврдил веродостојноста на сведоштвото, а самиот далај-лама се обратил пред народот со следните зборови:
„ |
Џебѕун Таранатха беше голем светител, кој ѝ помогна ан религијата и на живите суштества. Денес, тој го заврши делото на привлекување на народот на Тибет кон највисоката патека на религијата и дојде време за остварување на раководството на жолтата религија во северниот дел од земјата. Неговите следбеници во „ниските“ рамнински царства, кои се поврзани со нас, одредени според древните предвидвања, очекуваат лама, не земајќи го неговиот погле на нашите земји. ги во вид нашие земји. Ние, имајќи милост кон бедните, слабите, го испраќаме, неговата светост Џебѕун Таранатха кон неговите следбеници на север. Очигледниот раздор меѓу нашите хутухти постојат само во насолзените очи на нашите граѓани, но во реалноста не.[1] |
“ |
Според тоа, во 1640г., на возраст од 5 години, тој бил официјално препознаен како реинкарнација на Таранатха, со тек на време добивајќи го светото монашко име „Џнанаваџра“ (во монголска транскрипција „Ѕанабаѕар“ (Занабазар)). Интересно е тоа што широка употреба добила санскритската варијанта на името и името на неговиот претходник Таранатха (во превод од санскрит Заштитена Тара), што исто така е санскритско име.
Образование
уредиЗа образованието на Ундур-геген, ламите ангажирале тибетски учители. Така, далај-ламата го ипратил Џамбалин-номун-хана, а Панчен лама Бенса-хутукту Лубсанданзана. За него била организирана и номадската резиденција Их Хуре, којашто станала монголска престолнина. Кога имал 13 години, Ундур-геген го основал манастирот Западно хуре. На 15 годишна возраст се преселил во Ласа, каде му се посветил на Панчен лама и бил прогласен за далај-лама, како реинкарнација на Џебзун Дамба, со што добил свилен балдахин и печати. Потоа бил претставен пред новиот Панчен лама во манастирот Ташилхунпо и започнал да го подучува.
Основање на манастири
уредиПрвиот манастир, Ѕанабаѕар го основал во 1647, а тои бил манастирот Шанх.
По враќањето во татковината, тој се посветил на изградбата на нови храмовби и манастири. Во 1654, во висорамнината Хентеј, тој го основал манастирот Ребугежеганданшадувлин номин их хуре. Во месноста Тувхун, Ѕанабаѕар го основал „храмот на размислувањето“.
Власт на династијата Ќинг
уредиПроблемите во Халха започнале, со проблемот меѓу халхаскиот Тушету хан Чимид Дорџи и Ѕасагту ханот Ценгун, кој бил причинет од бегалците на Ѕасагту хан. Во 1684 г., кинескиот цар Канси се замешал во внатрешниот конфликт меѓу халхаските кнезови, испраќајќи му писмо на петтиот далај-лама, со молба, тој во Халха да испрати претсатвници кои ќе успеат да ги смират завојуваите страни. По два неуспешни обиди за состанување и склучување на примирје, средба со таа цел се одржала есента 1686 г. На средбата биле присутни Галдан ширет, претставник на далај-ламата, високиот кинески чиновник Арни, а присутствовал и Ѕанабаѕар, кој бил специјално поканет од страна на царот Канси и кој инсистирал дека неговиот постар брат Чимит Дорџи ги вратил бегалците на Ѕасагту хан.[2]
Смрт
уредиЅанабаѕар починал на 14. ден од првиот пролетен месец во 1723 г. во Жолтиот храм, во близина на Пекинг. Неговото тело било превезено, најпрвин во Их Хуре, а потоа во манастирот Амарбајасгалант, специјално изграден како негова гробница од страна на кинескиот цар Јунџен во 1726 година.