Богдан Шешиќ
Богдан Шешиќ (21 јуни 1909 во Валево — 9 февруари 1999 во Белград) — српски филозоф со меѓународно реноме.[1]
Богдан Шешиќ | ||
Роден | 21 јуни 1909 Валево, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 9 февруари 1999 Белград, Сојузна Република Југославија | (возр. 89)|
Националност | Србин | |
Занимање | филозоф |
Животопис
уредиДипломирал филозофија во Белград во 1934 година, а докторирал во Берлин во 1938 година.
Од 1947 година е примен за асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, а за предавач во 1951 година. Ги предавал предметите Логика, Историја на фолозофијата, Етика и Естетика. На Факултетот останува до 1954 година, кога се вработува на Филозофскиот факултет во Белград, станувајќи редовен професор во 1962 година.
Контактите со Филозофскиот факултет во Скопје ги продолжува преку честите гостувања со предавања и учество во комисии за оценка и одбрана на докторски дисертации.
Неговите книги ги користеа бројни генерации студенти. Автор е на голем број книги, расправи и статии објавени во меѓународни списанија.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шијаковиќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1651. Text "series " ignored (help)