Благоја Здравковски (партизан)

(за другиот борец Благоја Здравковски, можете да прочитате овде)

Благоја Здравковски ( 1928 во Скопје12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште го продолжил образованието во средно училиште. Војната му го попречила натамошното образование. По ослободувањето на Скопје во средината на ноември 1944 година, стапил во прославената Прва македонска ударна бригада. Во составот на XV македонски корпус заминал за Војводина. По успешно завршената воена обука, бил префрлен на фронт. На 12 април 1945 година со Бригадата учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал во борбите кај Шид.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 63. На |first= му недостасува |last= (help)