Благица Дафовска
Благица Николовска Дафовска (Бабино, Демирхисарско, 24 јули 1946) — македонски поет и раскажувач.
Благица Николовска Дафовска | ||
Родена | 24 јули 1946 Бабино, Демирхисарско, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | поет и раскажувач |
Животопис
уредиДафовска е родена во село Бабино, Демирхисарско на 24 јули 1946 година. Од 1952 до 1970 година живее во Битола каде завршува средно образование во гимназјата „Браќа Миладиновци”, а потоа дипломира на Педагошката академија, група македонски и српско - хрватски јазик и југословенска литература. По завршувањето на студиите извесно време работи како наставник во селата Цапари, Ѓавато и Рамна. Во 1970 година се иселува во Канада, каде формира семејство и мајка е на три деца. Од 1975 до денес работи како наставник по македонски јазик во училиштето за дополнителна настава при МПЦО „Св. Климент Охридски" во Торонто. Дафовска е многу активен член во културниот и општествениот живот во Торонто. Нејзини песни се објавувани на страниците на весниците „Наше новине“, „Духовна искра“, „Македонски збор", „Македонија". и други. Била водител на многу културни манифестации во Торонто. Таа е прв претседател на литературното друштво „Браќа Миладиновци во Торонто.[1] Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од „Обединети Македонци“ од Торонто.[2]
Наводи
уреди- ↑ Насевски, Бошко; Ангелова, Дора. Геровска, Драгица (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Скопје: Матица на Иселениците на Македонија.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Уметници од Македонија во светот -Благица Дафовска“. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 2016-02-27.