Битката кај Сигетвар или опсадата на Сигетвар се случила во 1566 година помеѓу силите на Хабсбуршката монархија на чело со хрватскиот бан Никола Шубиќ и силите на Османликсата империја на чело со султанот Сулејман I. Опсадата завршила со освојување на тврдината на градот од страна на Османлиите.

Битка кај Сигетвар
Дел од Османлиски војни во Европа и Османлиско-хабсбуршки војни
Датум 6 август 1566 – 8 септември 1566
Место 46°03′02″N 17°47′50″E / 46.050663° СГШ; 17.797354° ИГД / 46.050663; 17.797354, Сигетвар, Унгарија
Исход Османлиска победа
Завојувани страни
Хабсбуршка монархија
Османлиско Царство
Команданти и водачи
Никола ШубиќСулејман I
Сила
2,300[1]-3,000[2] Хрвати и Унгарци[Note 1] 100,000[3]-300,000[4][Note 2]
  • 80,000 Османлии
  • 12-15,000 Татари
  • 7,000 Молдавци
Жртви и загуби
Сила;
  • Никола Шубиќ умрел во последната битка.
  • Речиси сите биле убиени. 2,300-3,000 убиени во борба.
Сила;
  • Сулејман починал во текот на опсадата од природна смрт.
  • 20,000[2]-30,000[5] убиени или починале од болест.

Заднина

уреди

Тврдината Сигетвер претставувала стратешка точка за османлискатѕа инвазија во Европа. Во тоа време, османлиската војска била засолнета во Будим и Белград. Претходно Османлиите пропуштиле да го заземат градот Егер. Доколку градот паднал, на Османлиите им се отворала можност бргу да стигнат до Загреб, кое би означувало и сигурно паѓање на Карловац и Вараждин. Со тоа, богатото Хрватско Загорје би станало мета на постојано ограбување од Османлиите, а градот Загреб би станал главно упориште на Османлиите во нивните обиди за освојување на јужните германски и северните италијански градови.

Битка

уреди

Во малата тврдина во денешниот град Сигетвар, хрватскиот бан и гроф Никола Шубиќ се припремал за одбана. Неговата армија била составена од хрватски, унгарски и германски војници. Сите војници одлучиле да не го напуштат градот додека не загине последниот војник. Од друга страна, Османлиите ја започнале опсадата со околу 100.000 војници и 200 топови, на чие чело раководил Сулејман I. Големиот визер Мехмед-паша Соколовиќ го советувал на султанот најпрвин да се зазеде Сигетвар, а потоа да се продолжи кон Токај. Султанот го послушал и одлучил на негова страна, но сепак погрешил. Османлиската војска во Битката кај Сигетвар ја изгубила својата голема моќ и покрај тоа што го зазеле градот. На страната на Османлиите загинале повеќе од 20.000 војници, од кои околу 7.000 јаничари. Самиот султан Сулејман I не го дочекал паѓањето на градот, бидејќи починал во неговиот камп на 5 септември 1566.

Наводи

уреди
  1. Timothy Hughes Rare & Early Newspapers, Item 548456. Retrieved 2009-12-01.
  2. 2,0 2,1 Lieber (1845), p. 345.
  3. Shelton (1867), pp. 82–83.
  4. Elliott (1968), p. 117.
  5. Tait (1853), p. 679.

Наводи

уреди
  1. The majority of the defenders were ethnic Croats, which is clearly mentioned in the only first-hand report of the siege, written in "Podsjedanje i osvojenje Sigeta" by Franjo (Ferenc) Črnko, Zrinsky's chamberlain, and one of the surviving soldiers from the battle. Later works "Vazetje Sigeta grada" (1573) by Brne Karnarutić, "Szigeti veszedelem" (1647) by Nicholas VII Zrinsky, and "Opsida Sigecka" (1647) by Peter Zrinsky, also prove that Croats were a majority among the defenders. Although, ethnicity and nationality, were not as much important as was religion back then.
  2. The number of 300,000 Ottomans mentioned by some chroniclers, is probably overestimated. There is some tendency by some historians to exaggerate these figures to overstate the bravery of the outnumbered defenders of Szigeth. Although, on 1 May 1566, Suleiman did left Istanbul at the head of one of the largest armies he had ever commanded, the number of his forces was probably closer to 100,000 than to 300,000.