Блур (англ. Blur) ― англиска рок-група основана во Лондон во 1988 година. Групата се состои од: пејачот Дејмон Албарн, басистот Алекс Џејмс, гитаристот Греам Коксон, и тапанарот Дејв Роунтри. Нивниот прв албум, Leisure (1991) содржел елементи на медчестер и шугејзинг. Под влијание на англиските гитарски поп-групи како: Кинкс, Битлси, и ХТС, групата Блур го променила музичкиот стил и ги објавиле албумите Modern Life Is Rubbish (1993), Parklife (1994) и The Great Escape (1995). Како резултат на тоа, групата помогнала во популаризирање на Бритпоп жанрот и стекнале масовна популарност во Обединетото Кралство, а популарноста била потпомогната од медиумите кои известувале за битката на топ-листите со соперничката група Оазис во 1995 година наречена „Бритпоп-битка“.[1]

Blur
Блур на стадионот Вембли во 2023 година. Од лево кон десно: Греам Коксон, Дејмон Албарн, Дејв Роунтри и Алекс Џејмс
Блур на стадионот Вембли во 2023 година. Од лево кон десно: Греам Коксон, Дејмон Албарн, Дејв Роунтри и Алекс Џејмс
Основни податоци
ПотеклоЛондон, Англија
Жанр(ови)
Години на активност
  • 1988–2003
  • 2009–2015
  • 2023–денес
Продукциска куќа/ќи
ЧленовиДејмнон Албарн

Грахам Коксон
Алекс Џејмс

Дејв Роунтри

Нивниот следен албум, Блур (1997), бил пропратен со уште една стилска промена и бил под влијание на лоу-фај стилот на американските инди-рок групи. Албумот ја содржел песната „Song 2“ со која групата се здобила со популарност и во САД. Нивниот следен албум, 13 (1999), содржел електронски и арт-рок елементи[2] и поинтимни стихови од Албарн и Коксон.[3] Во мај 2002, Коксон го напушти бендот додека го правеа нивниот седми албум Think Tank (2003).[4] После турнејата во 2003 без Коксон,[5] групата се распаднала и паузирала неколку години, а членовите биле вклучени во други проекти.

Во 2009 година Блур се обединиле, Коксон се вратил во групата и биле на повторна европска турнеја. Следните години издале неколку синглови и компилации и биле на меѓународна турнеја. Во 2012 година, Блур добиле британска музичка награда за исклучителен придонес во музиката. Нивниот осми албум, The Magic Whip (2015), бил нивен прв студиски албум по дванаесет години[6][7] и нивен шести последователен албум кој се искачил на врвот на британската топ-листа за албуми.[8] По турнејата под наслов Magic Whip, Blur заминале на пауза[9] која траела до објавувањето на нивниот деветти албум, The Ballad of Darren (2023).

Членови на групата

уреди
  • Дејмон Албарн – водечки пејач, клавијатури, гитара (1988–2003, 2009–2015, 2023–сега)
  • Греам Коксон – гитара, придружни и водечки вокал, саксофон (1988–2002, 2009–2015, 2023–сега)
  • Алекс Џејмс – бас, придружен вокал (1988–2003, 2009–2015, 2023–сега)
  • Дејв Роунтри – тапани, перкусии, придружни вокали (1988–2003, 2009–2015, 2023–сега)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Leisure (1991)
  • Modern Life Is Rubbish (1993)
  • Parklife (1994)
  • The Great Escape (1995)
  • Blur (1997)
  • 13 (1999)
  • Think Tank (2003)
  • The Magic Whip (2015)
  • The Ballad of Darren (2023)

Наводи

уреди
  1. „When Blur beat Oasis in the battle of Britpop“. The Telegraph. 26 August 2016. Архивирано од изворникот 8 March 2021. Посетено на 9 June 2022.
  2. Doyle, Tom (April 1999). „Blur – 13 review“. Q.
  3. Sullivan, Caroline (5 March 2008). „Down and outstanding“. The Guardian. Посетено на 21 July 2008.
  4. „Graham Coxon Explains Blur Split“. The Fly. 7 May 2009. Архивирано од изворникот на 6 June 2012. Посетено на 23 December 2011.
  5. „Blur Name Ex-Verve Guitarist Simon Tong To Live Lineup“. TheFader. 9 February 2003. Архивирано од изворникот на 8 July 2015. Посетено на 14 June 2022.
  6. Erlewine, Stephen Thomas. „The Magic Whip – Blur“. AllMusic. Посетено на 15 June 2022.
  7. Gibsone, Harriet (19 February 2015). „Blur announce The Magic Whip, their first new album for 12 years“. The Guardian. Посетено на 22 February 2015.
  8. „This is a high: Blur enter the album charts at No 1 with The Magic Whip“. The Guardian. 4 May 2015. Посетено на 25 July 2015.
  9. Murray, Robin (16 July 2018). „Blur's Alex James Isn't a Fan of Re-Unions“. Clash. Посетено на 8 October 2018.

Надворешни врски

уреди