Бил Брант
Бил Брант (роден Херман Вилхелм Брант 2 мај 1904, Хамбург, Германија - 20 декември 1983, Лондон, Англија) — британски фотограф роден во Германија.
Бил Брант | |
---|---|
Роден(а) | Херман Вилхелм Брант 2 мај 1904 Хамбург, Германско Царство |
Починал(а) | 20 декември 1983 Лондон, Англија | (возр. 79)
Националност | Германско-Британско |
Познат(а) по | фотографија |
Мреж. место | billbrandt.com |
Во 1929 година работел во студиото на Мен Реј во Париз. Се вратил во Англија во 1931 година и почнал да се занимава со фоторепортерство документирајќи ги англиските индустриски работници во 30-тите години на 20 век и покривајќи го домашниот фронт за време на Втората светска војна. Неговата работа го открива влијанието на Јуџин Атгет, Брасаи и на Хенри Картие-Бресон. Најмногу е познат по своите фотографии од животот во Британија и особено по своите неконвенционални акти; ја ставал својата камера со широк агол блиску до човековото тело предизвикувајќи нарушеност што го претворала човековото тело во серија апстрактни форми.
Надворешни врски
уреди- Архивата на Бил Брант – биографија и слики.
- Бил Брант на Институтот за уметност на Чикаго Архивирано на 27 април 2012 г.
Користена литература
уреди- Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Оваа статија за личност од Англија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |