Зелјесто растение

(Пренасочено од Билно растение)

Зелјесто растение (или билно растение) — растение чии листови и стебла умираат на крајот од вегетативниот период, венеејќи до земја, и немаат трајно дрвенесто стебло над земја.[1] Овие растенија можат да бидат едногодишни, двегодишни или повеќегодишни.[2]

Грашок
Мајчина душичка, оригано и рузмарин

Едногодишните зелјести растенија целосно умираат по вегетативната сезона или кога ќе процветаат и родат плодови, по што од семето никнуваат нивни потомци.[3]

Стеблата на зелјестите повеќегодишни и двегодишни растенија умираат по вегетативниот период, но извесни делови преживуваат на или под земја, опстанувајќи од една сезона во друга (кај двегодишните ова е до следната вегетативна сезона, кога процветуваат и умираат). Новите гранки и листови излегуваат од опстанатото ткиво на или под земјата, како што се корења, стеблените задебелувања при основата и разни други видови на подземни стебла како луковици, грутчести луковици, столони, ризоми и кртоли. Примери за зелјести двегодишни растнија се морковот, пашканатот и крстенецот; зелјести повеќегодишни растенија се компирот, божурот, хостата, нането, највеќето папрати и највеќето треви. За разлика од нив, незелјестите повеќегодишни растенија се дрвенести растенија чии стебла се секогаш над земјата и опстануваат во живот низ сезоната на мирување, а следната година пуштаат фиданки од надземните делови. Такви се дрвата, грмушките и ползавците.

Некои релативно брзорастечки зелјести растенија (особено едногодишните) се пионерски или раносукцесивни видови. Дригите ја сочинуваат главната вегетација на голем број стабилни живеалишта, јавувајќи се или како приземни растенија во шумите, или во природно отворените живеалишта како ливадите, солените мочуришта и пустините.

Некои од зелјестите растенија знаат да достигнат значајни димензии, како што се дрвата од родот на бананата.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Gray's Manual of Botany, American Book Co. 1889
  2. Solomon, E.P.; Berg, L.R.; Martin, D.W. (2004). Biology. Brooks/Cole Thomson Learning. ISBN 978-0-534-49547-3.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Levine, Carol. 1995. A guide to wildflowers in winter: herbaceous plants of northeastern North America. New Haven: Yale University Press. стр. 1