Билиран
- Ова е страница за покраина. За општината видете Билиран, Билиран. За островот видете Билиран Остров.
Билиран — една од најмалите покраини на Филипините и е сместена во регионот Источен Висајас . Таа е остров покраина и се наоѓа на само неколку километри северно од островот Лејте. Главен град е Навал и до 1992 таа беше дел од покраината Лејте.
Билиран | |
![]() Провинцискиот грб на Билиран | |
![]() Мапа на Филипините со факти за Билиран | |
Регион | Источен Висајас Регион (Регион VIII) |
Главен град | Навал |
Дивизии | |
- Високо урбанизирани градови | 0 |
- Составни градови | 0 |
- Општини | 8 |
- Барангај | 132 |
- Конгресионални дистрикти | 1 |
Население | 5-та |
- Вкупно (2000) | 140.274 |
- Густина | 253/km² (260та) |
Површина | 40-та |
- Вкупно | 555,4 km² |
Основана | 11 мај 1992 |
Јазици | себуански, варајски, тагалошки, англиски |
Гувернер | Рогелио Х. Еспина |
Демографија Уреди
Според пописот во мај 2000, Билиран имаше вкупно население од 140,274 жители, кои живеат во 27.907 домаќинства со просек од 5,02 жители по домаќинство.
Јазици Уреди
Жителите на Билиран претежно зборуваат на себуански и варајски јазик. Себуанскиот го зборуваат 57,79% од населението и најмногу во западниот дел на островот,додека варајскиот го зборуваат 40,8% од населението и тоа претежно во источните краеви. Поголемиот дел исто така зборува и разбира тагалошки и англиски.
Административна поделба Уреди
Билиран е поделена на 8 општини. Има 132 барангаи.
Стопанство Уреди
Економијата на Бириран претежно се заснова на рибарството. Повеќето од градовите како Навал и Билиран, имаат одлични пристаништа.
Надворешни врски Уреди
- BiliranIsland.com
- Biliran Province
- Официјално мрежно место на покраината Архивирано на 13 април 2009 г.