Бертран де Бланшфор
Бертран де Бланшфор од Бланкфор бил шестиот Голем мајстор на витешкиот ред, темплари. На оваа функција дошол во 1156 година и останал сè до неговата смрт во 1169. Тој е познат како голем реформатор на редот.
Личен живот
уредиБертран де Бланшфор се родил околу 1109 година, иако точната дата сè уште е непозната. Според некрографите од Ремс, тој умрел на 2 јануари 1169. Тој бил најмало дете од семејството на лордот Годфреј де Бланшфор од Гијана. Тој уште од млад бил војнички воиспитуван, а како Голем мајстор ги нагласил реформите и преговорите во редот. Тоа многу помогнало да се создаде сликата за темпларите како заштитници, а не како сурови луѓе.
Воените белешки
уредиПрвата посериозна акција на Бертранд била со кралот Балдуин III со кого се борел против Нур ад-Дин. Меѓутоа, тој бил заробен по поразот на кралот Балдуин кај Бањас во 1157 година. Поразот предизвикал Бланшфор да биде фатен во заседа откако тој ги отпуштил франкските војници по завршувањето на битката. Во затвор тој поминал 3 години, а потоа бил ослободен по склучувањето примирје меѓу византискиот императот Мануил I Комнин и Нур ед-Дин.
Бертранд му се придружил на кралот Арналик I за време на неговата експедиција во Египет во 1163.Експедицијата завршила без успех, поради малиот број на Христијани коишто земале учество. Бертранд не учествувал во втората експедиција во 1168 година, бидејќи загубите биле очекувани.
Реформи
уредиБертран де Бланшфор поднел петиција до папата за употреба на зборовите „Мајстор со благонаклоност на Бога“, којашто ја изградила позицијата на темпларите во црквата, заштита којашто Рим ја гарнтирал. Неговите реформи коишто се однесувале за внатрешната состојба во редот се уште позначајни. Тој апишал прописи со коишто се одредила структурата во редот на темпларите и секој витез, темплар си ја знаел својата улога. Тој исто така издал документ за водство со кој се оневозможувало новиот Голем мајстор да може да одлучува за организацијата на редот. Тој работел на создавање на преговарачки улоги во кои редот нема никаква вредност. По неуспехот во експедицијата во Египет, темпларите помогнале да се склучи примирјето.
Претходник Андре де Монтбард |
Голем мајстор 1156–1169 |
Наследник Филип де Мили |