Баретка

(Пренасочено од Беретка)

Баретка (англиски: beret) — мек, кружен вид капа.[1] Тие обично се изработени од филц или сличен материјал. Многу баретки биле направени во XIX век во Франција и Шпанија. Баретките се носат како дел од униформата на многу воени и полициски единици низ целиот свет. Многу други организации носат баретки за различни намени.[2]

Американски воен стрелец носи баретка на главата

Историја

уреди

Археологијата и историјата на уметноста покажуваат дека капите слични на современата баретка се носеле уште од бронзеното време низ Северна Европа и дури на југ, во Древен Крит и Италија, каде што ги носеле Минојците, Етрурците и Римјаните. Таквите капи биле популарни меѓу благородништвото и уметниците низ Европа и низ целата современа историја.[3]

Воените баретки за првпат биле усвоени од француските алпски ловци во 1889 година.[4] Откако ги видел овие за време на Првата светска војна, британскиот генерал Хју Ел ја предложил баретката за употреба во Новоформираниот полк за кралски тенкови. Му биле потребни капи што ќе останеле на главата додека се искачуваале од и надвор од малите отвори на тенковите. Тие биле одобрени за употреба од кралот Џорџ V во 1924 година. Оттогаш, баретките станале популарни низ целиот свет.[5]

Носење

уреди
 
Че Гевара со баретка

Баретката цврсто се вклопува околу главата и може да се „обликува“ на различни начини — во Америка најчесто се носи туркана на едната страна. Во Средна и Јужна Америка, локалниот обичај обично го пропишува начинот на носење баретка. Не постои универзално правило и постарите господа обично ја носат аглесто на главата, ставајќи ја напред. Може да ја носат и мажи и жени. Че Гевара носел баретки.

Виетнам

уреди

Баретката била донесена во Виетнам за време на француската колонизација и била прифатена како машка капа од народот Нунг, Теј и Као Лан.

Франција

уреди

Црната баретка некогаш се сметала за национална капа на Франција во англосаксонските земји. Повеќе не се носи како порано, но останува силен знак за локален идентитет на југозападот на Франција. Кога Французите сакаат да се претстават себеси како „типичен просечен Французин“ во Франција или во странска земја, тие често го користат овој стереотип од англосаксонските земји.[6] Денес има три производители во Франција.

Наводи

уреди
  1. „баретка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Килгур, Рут Едвардс. Избор на капи антички и модерни. R. M. McBride Company, 1958 година.
  3. Чико, Беверли (2005). „Баретка“. Во Стил, Валери (уред.). Енциклопедија за облека и мода. 1. Томсон Гејл. стр. 149–150. ISBN 0-684-31394-4.
  4. Моло, Џон. Воена мода. стр. 200. ISBN 0-214-65349-8.
  5. Форти, Џорџ. Сликовна историја на полкот за кралски тенкови, Халсгроув Паблишинг 1988, ISBN 978-1-84114-124-4
  6. Во филмот Луд за љубов снимен по Втората светска војна во Нормандија, херојот носи обична капа на почетокот на филмот, но потоа се менува за баретка, за да направи да изгледа „повеќе Французин“. Подоцна една госпоѓа го бара во селото и ги прашува сите: „Дали сте виделе како поминува еден човек оттука кој носи баретка?“