Белодримска Клисура

Белодримската Клисура (албански: Gryka e Drinit të Bardhë) е еден мал кањон, кој се наоѓа во југозападниот дел на Косово. Реката Бел Дрим тече низ кањонот. Кањонот е релативно краток, околу 900 метри со длабочина од 45 метри. На влезот во кањонот се наоѓа Свети Мост, стар отомански мост кој привлекува нуркачи од целиот Балкан. Кањонот на реката Бел Дрим кај Светиот Мост поради хидро-геоморфолошката вредност во 1986 година беше ставен под заштита како споменик на природата.

Белодримска Клисура

Географија

уреди
 
Гледано од Свети Мост

Белодримската Клисура се наоѓа веднаш до Свети Мост во близина на селото Ѕарѕ (општина Ораховац) на патот Ѓаковица - Призрен. Кањонот е морфолошко-хидролошки феномен со генетска, визуелна и образовна вредност. Тој е формиран за време на пост-лакустричниот период на езерото Дукаѓини. Неговото формирање беше условено од многу тектонски настани. Клисурата има типични кањонски одлики и содржи многу карбонатски формации.

Туризам

уреди

Се наоѓа веднаш до главниот пат кој ја поврзува Ѓаковица со Призрен. Посетуван е од голем број на странски туристи, како и месно население. Еднолакиот Свети Мост преку кањонот претставува уште една важна туристичка атракција во регионот. Конкуренција во "скокање од мостот" се одржува секоја година на која присуствуваат многу регионални натпреварувачи. И двете, мостот и клисурата се законски заштитени од 1986 година.

На горниот крај на кањонот можете да најдете пријатен ресторан во кој може да се јаде свежо уловена риба од реката Бел Дрим.

Галерија

уреди