Белограден кос
Белограден кос | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Дроздови |
Род: | Дрозд |
Вид: | Белограден кос |
Научен назив | |
Turdus torquatus Linnaeus, 1758 |
Белограден кос (науч. Turdus torquatus) — европска птица, член на семејството на дроздовите. Ова е планински вид, близок до обичниот кос, кој гнезди во карпести предели и каменоломи. Го има и во Македонија.
Опис
уредиВозрасниот мажјак е целиот црн, освен белата дамка на градите и жолтеникавиот клун. Крилјата имаат сребреникав сјај поради белите рабови на пердувите. Тој ги пее своите гласни и меланхолични песни качен високо на некое дрво или карпа. Името го добил заради белата дамка на градите.
Женките се слични, но побледи, а младенчињата имаат кафени пердуви и немаат бела дамка на градите.
Овој вид за првпат е опишан од Linnaeus во неговата Systema naturae во 1758 под неговиот биномен назив.[2]
Поведение
уредиБелоградниот кос се размножува во повисоките региони на западна и Средна Европа, а исто така и на Кавказ. Најголемиот број птици се преселници, презимувајќи на Средоземјето. Популацијата му се намалува, особено во Ирска.
Овој кос е територијален и обично сам или во двојка, иако мали јата може да формира при преселба. Вон сеозната на парење може да се сретнат повеќе птици заедно, особено на погодно место за исхрана, како што се овошни дрвца, често и со други дроздови. Се гнезди во грмушки или во карпи, несејќи неколку светлосини јајца просипани со кафеаво, во уредно гнездо во вид на чашка.
Исхрана
уредиБелоградниот кос е сештојад, хранејќи се со секакви инсекти, црви, мали ’рбетници, влекачи и бобинки.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Turdus torquatus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ (латински) Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata. Holmiae. (Laurentii Salvii). стр. 169.
T. nigricans, torque albo, rostro fiavescente.
Литература
уреди- Clement and Hathaway, Thrushes ISBN 0-7136-3940-7
Надворешни врски
уреди„Белограден кос“ на Ризницата ? |
- Ageing and sexing (PDF; 0.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.