Бела Река (Осогово)
река во Македонија
(Пренасочено од Бела Река (Осоговска))
За други значења на поимот, погл. Бела Река.
Бела Река — река во источниот дел на Македонија, која заедно со Црна Река ја образува Оризарска Река.
Бела Река | |
---|---|
Течението на реката низ маалото Река во селото Полаки | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Осоговски Планини |
Устие | |
• место | Оризарска Река |
• координати | 41°59′33.4″N 22°27′15.2″E / 41.992611° СГШ; 22.454222° ИГД |
Големина на сливот | 42,2 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Оризарска Река → Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Течение
уредиРеката извира на јужната падина на планината Осогово, североисточно од градот Кочани.[1] Нејзиното течение е во јужен правец и таа поминува покрај маала на селата Мишино, Небојани, Полаки и Костин Дол пред спојувањето со Црна Река кај селото Речани по што продолжува како Оризарска Река.
Хидрографија
уредиСливното подрачје на реката зафаќа површина од 42,2 км2.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 10. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Надворешни врски
уреди- Бела Река (Осогово) на Ризницата ?