Библија Бесика
Библија бесика (латински: Biblia Bessica) - превод на Светото Писмо на јазикот на тракиското племе Беси. Конкретно не е зачувана туку се споменува индиректно од античките автори. Најверојатен автор на преводот е Св. Никита Ремезијански. Во дел од својата поема, пишана околу 400 година и посветена на епископот на Ремезијана, Св. Павлин Нолански пишува:
Νam simul terris animisque duri et sua Bessi nive duriores nunc oves facti duce te gregantur pacis in aulam.[1]
На крајот на краиштата, Бесите, ако нивната земја и душа се тешки, ако тие самите се потешки од снегот таму, сега станаа, под ваше водство, кротки овци, кои се собираат во шталата на мирот.
Околу 399 година Св. Јован Златоуст пишува:
... скитите, тракијците, савроматите, маврите, индијците, дури тие што живеат во крајот на Вселената, сите мударствуваат и се превеле на сопствениот си јазик тие реченици [т.е. Евангелијата].[2]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Извори
уредиToynbee, Arnold Joseph. Some problems of Greek history, Oxford University Press, 1969, стр. 56.