Бегов Даб (Дулица)
„Бегов Даб“
| |
Местоположба | 41°58′59″N 22°33′57″E / 41.98306° СГШ; 22.56583° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Дулица |
Општина | Македонска Каменица |
Тип |
|
Период | старохристијанско време |
Портал „Археологија“ |
Бегов Даб — археолошко наоѓалиште во околината на местото Дулица кај градот Македонска Каменица. Претставува базилика од старохристијанско време
На околу 400 м западно од утоката на Каменица во Брегалница, со ископувањата на Археолошкиот музеј од Скопје во 1968 - 1969 година се откриени остатоци од трикорабна базилика со по 4 столбови на стилобатите и трансепт. Широката апсида на источнатастрана е вовлечена во внатрешноста на градбата, што ја доближува до еден вид крстовидна. Во олтарниот дел е зачуван синтроносот со масивна платформа за централното седиште, а пред него платформа за чесната трпеза со форма на крст. Зачуваната основа од канцелот покажува дека олтарната преграда одела по ширината на централниот кораб. Базиликата има добро зачуван нартекс на западната страна, од кој преку трибелон се влегувало во наосот. На северната страна е откриен компартимент со банкини, а на западната ѕид што ја оградувал црквата. Презвитериумот со пастофориите и наосот се послани со замазнет малтер, а страничните кораби со печени тули. Најдена е богата декоративна архитектонска пластика. Базиликата е од крајот на V и почетокот на VI век. Непосредно до базиликата се откриени неколку гробови од некропола прекопана од порано. Покрај атриумот се истражени пет гроба со камени конструкции во кои биле најдени примероци од квалитетен накит кој типолошки, а и хронолошки, може да се поврзе со најстарите примероци на накит од големата некропола во Демир Капија, датирана во IX-X век.[1]
Поврзано
уреди- Бегов Даб — базилика од старохристијанско време
- Градиште — градиште од доцна антика;
- Манастир — населба; црква и некропола од римско време; старохристијанско време;
- Селиште - Св. Илија — населба од римското време;
- Ќерамидница — црква од старохристијанско време;
- Црква — црква од старохристијанско време;
- Македонска Каменица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 128, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |