Ќерамидница (Дулица)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Ќерамидница

Карта

Местоположба 41°58′59″N 22°33′57″E / 41.98306° СГШ; 22.56583° ИГД / 41.98306; 22.56583
Основни податоци
Место Дулица
Општина Македонска Каменица
Тип

 црква


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Ќерамидницаархеолошко наоѓалиште во околината на местото Дулица кај градот Македонска Каменица. Претставува црква од старохристијанско време.

Се наоѓа на платото од ридот Калата што се издига на утоката на Каменица во Брегалница. Откриена е со заштитните ископувања во 1968/1969 година. Претставува еднокорабна црква со нартекс, трем и ограден двор од јужната страна, а има траги и од анекс. Од внатрешната страна на апсидата е зачуван синтронос со нагласено седиште на средината. Подот во апсидниот простор е изведен од фин малтер. Меѓу градежниот материјал се најдени тегули и имбрекси сигнирани со букви.[1]

Поврзано

уреди
  • Бегов Даб — базилика од старохристијанско време
  • Градиште — градиште од доцна антика;
  • Манастир — населба; црква и некропола од римско време; старохристијанско време;
  • Селиште — населба од римското време;
  • Ќерамидница — црква од старохристијанско време;
  • Црква — црква од старохристијанско време;
  • Македонска Каменица;

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 126, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069