Башќој
Башќој (грчки: Κεφαλοχώρι, Кефалохори; до 1927 г. Μπας Κιόι, Бас Ќој[2]) — село во Лагадинско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.
Башќој Κεφαλοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°59.34′N 23°16.38′E / 40.98900° СГШ; 23.27300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Орљак |
Надм. вис. | 560 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 130 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 30 км западно од Сер, во североисточното подножје на Богданска Планина.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиСпоред Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Башќој било село во Лагадинската каза со 110 жители Турци.[3]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920-тите сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Башќој се води како дојденско село со 116 жители (28 семејства).[4]
Во 1965 г. е изградена црквата „Св. Никола“.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 170. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Ιερός Ναός Αγίου Νικολάου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 16 септември 2019.