Батаљон „Боро Вукмировиќ“

Баталјон „Борис Вукмировиќ“ ― воена единица, составена од политички затвореници од Тиранскиот затвор. Формиран (20 септември 1943 година) во реонот на планината Дајта во Албанија.[1]

Баталјон „Борис Вукмировиќ“
Активна20 септември 1943 Дајти, Албанија - 11 ноември 1943 Сливово, Охридско, Македонија
ПрекариВтор Косовско-Метохиски Баталјон „Борис Вукмировиќ“
БиткиНОБ

Бил формиран од 140 припадници на НОД од Косово и Метохија и од Македонија.[2] По капитулацијата на Италија, по групи било организирано бегство од затворот. Партиската организација на Тирана и албанските партизани ги прифаќале овие групи во реонот на планината Дајта. Кон политичките затавореници се приклучила и група логораши од логорот Порто Романо. На планината Дајта, заатворениците биле вооружувани и увежбувани во ракување со оружјето.[1] По десетдневни воени вежби, се упатиле кон Дебар (почеток на октомври). Во Дебарца им се приклучиле и околу 40 борци на шарпланинскиот НОПО. Учествувал во ослободувањето на Кичево (1 ноември 1943 година) и во борбите со германско-балистичките сили на планината Буковиќ, Кичевско (од 1 до 6 ноември 1943 година).[2] При формирањето на Првата македонска народноослободителна ударна бригада (11 ноември 1943 година - во Сливово, Охридско), овој баталјон влегол во нејзиниот состав.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 63. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 „ВТОРИ КОСОВСКО-МЕТОХИСКИ БАТАЛЈОН „БОРИС ВУКМИРОВИЌ“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.[мртва врска]

Надворешни врски уреди