Црква „Св. Петка“ - Балевец

црква во Балевец, Лагадинско

Света Петка (грчки: Ιερός Ναός Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Балевец, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3][4]

Света Петка
Αγίας Παρασκευής
Фреска од црквата
Карта
40°45′31.2″N 23°8′8.7″E / 40.758667° СГШ; 23.135750° ИГД / 40.758667; 23.135750
МестоБалевец, Лагадинско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1834
Управа
Архијерејско намесништвоБалевско
ЕпархијаЛагадинско-ајватовско-рендинска

Црквата е гробишен храм, сместен во североисточниот дел на селото. Според натпис на фреска над јужниот влез однадвор, храмот е изграден во 1834 г. веројатно врз темелите на постара црква.[1][3]

Храмот претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, полукружна апсида на исток и трем направен подоцна.[1][3]

Живописот во црквата е интересен. На јужниот ѕид е претставен ктиторот Трендафил Хаџидимитров, облечен во носија од тоа време. Резбаниот иконостас со светни украси, иконите на него и реставрираните самостојни икони се дело на Кулакиската школа и носат потписи од почетокот на XIX век.[1][3]

По изградбата на новиот главен храм „Св. Петка“ во 1982 г. (на 100 м југозападно од стариот), сите преносливи икони од старата црква се префрлени во новата – 80 икони од 1828, 1834, 1868 и 1883 г. и 1 дрвена дарохранителница.[5]

Земјотресот во 1978 г. причинил големи штети на храмот, и потоа се направени разни произволни интервенции кои значително го измениле неговиот првобитен облик.[3]

Денсо од храмот има извор.[2]

Во 1993 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3][4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Εγκαίνια ένος ιερού ναού του 18ου αιώνα στο Κολχικό“. Κιβωτός της Ορθοδοξίας. Посетено на 31 декември 2017.
  2. 2,0 2,1 „Κολχικό“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 2014-05-11. Посетено на 8 јуни 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXII. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  4. 4,0 4,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ34/1962/51/3-2-1993 - ΦΕΚ 131/Β/5-3-1993“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 11 јуни 2018.
  5. Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXIII. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јуни 2018. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)