Бакалница (Прилеп)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бакалница

Карта

Местоположба 41°20′40″N 21°33′20″E / 41.34444° СГШ; 21.55556° ИГД / 41.34444; 21.55556
Основни податоци
Место Прилеп
Општина Прилеп
Тип

 некропола


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Бакалницаархеолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува некропола од доцноантичко време. На 2,5 км северозападно од железничката станица во Прилеп и на околу 120 м јужно од патот Варош-Мало Коњари, во 1961 година е извршено ископување. Откриени се повеќе гробови со кремирани покојници. Постарите имаат конструкции ѕидани од кршен камен и плочи, а поновите од тегули поставени на две води. Најдени се садови од керамика и стакло, бронзени фибули, монети и др. [1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 308, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069