Бактиведанта Свами Прабупада

А.Ч. Бактиведанта Свами Прабупада (Колката, 1 септември 1896 - Вриндаван, Индија, 14 ноември 1977) — индиски хиндуистички теолог.

Животопис

уреди

А.Ч. Бактиведанта Свами Прабупада е роден 1896 г. во Калкута (Колката), Индија. Тој за првпат го сретнал својот духовен учител, Шрила Бактисиданта Сарасвати Госвами, во Калкута во 1922 година. Бактисиданта Сарасвати беше истакнат религиозен сколар и основувач на Гаудија Матха (ваишнавско движење со 64 центри) во Индија. На него му се допадна овој школуван младич и го убеди да го посвети својот живот во поучување на Ведското знаење. Шрила Прабупада постана негов ученик и, во 1933, доби иницијација како негов посветен следбеник. На нивната прва средба Шрила Бактисидданта Сарасвати побара од Шрила Прабупада да го прошири Ведското знаење на англиски. Во годините што следеа, Шрила Прабупада напиша коментар на Багавад-Гита и му помагаше на Гаудија Матха во неговата работа. Во 1944 тој го започна “Back to Godhead“ , двонеделниот магазин на англиски. Без ничија помош, Шрила Прабупада го едитираше, го прекуциваше ракописот, го припремаше за печатење и дури сам го делеше.Магазинот денес продолжува да се издава низ целиот свет во многу јазици од неговите ученици.Во 1950 Шрила Прабупада се повлече од домашниот живот за да посвети повеќе време на проучување и пишување.

Он отпатува до светиот град Вриндавана, каде живееше во скромни услови во историскиот храм Раха-Дамодара. Таму, за повеќе години, тој се ангажира во длабоко проучување и пишување. Он прифати одвоен ред на живот (саннјаса) во 1959.Беше во тој ист храм каде он започна да работи на своето животно ремек-дело, повеќе томски превод на Шримад-Багаватам (Багавата Пурана) кој содржи 18000 стихови, пишувајќи целосни коментари на секој од нив. Во 1966, Шрила Прабупада го основува Меѓународното друштво за свесност за Кришна, што беше формално име за движењето Харе Кришна. Во годините што следеа, Шрила Прабупада постепено привлече десетина илјади следбеници, започна повеќе од стотици храмови и ашрами ( живеалишта), и објави многу книги. Неговото достигнување е впечатливо затоа што тој ја пресади Индиската древна духовна култура во Западниот Свет од дваесеттиот век. Во 1968 Шрила Прабупада испрати три брачни парови на посветеници за да ја однесат свесноста за Кришна во Велика Британија. На почеток за нив се грижеја Хинди фамилии кои ја ценеа нивната мисија, но наскоро тие станаа добро познати во Лондон поради уличното пеење на улицата Оксворд. Ударните вести во Тајмс објавија: “Пеењето ‘Кришна’ шокирачки го изненади Лондон“. Но маха-мантрата наскоро стана популарна. Бившиот Битлс, Џорџ Харисон, кој го познаваше мантрањето и Шрила Прабупада пред посветениците да пристигнат во Лондон, сакаше да помогне. Тој ја подготви снимката на мантрата за плочата на Битлси.

Таа ја достигна “Toп Десет“ во Британија и прво место во други држави. Кога Шрила Прабупада стигна во Англија, тој беше гостин на имотот на Џон Ленон во Тутенхурст, додека работите напредуваа на храмот во Блумсбери, во близина на Британскиот Музеј. Во ноември 1969, Шрила Прабупада го отвори храмот– првиот Рада-Кришна храм во Европа. Движењето почна да зема замав. Повторно Џорџ Харисон понуди помош донирајки го прекрасното големо имање (манор), куќа и земјиште во Хартфордшир. Сега крстено како Бактиведанта Манор, претставува главен центар за обука во Друштвото во Британија. Новите посветеници на Кришна наскоро постанаа јасно видливи во сите поглавни градови ширум светот, преку нивното пеење во јавноста и делењето на книгите на Ведското знаење, од Шрила Прабупада.

Тие почнаа да изведуваат весели културни фестивали преку годината и да послужуваат низ светот милиони порции на вкусна на прво понудена на Кришна (позната како прасадам). Како последица на тоа ИСКОН изврши значително влиание на животите на стотици илјади луѓе. Откога ги објави првите три тома на Багаватам, Шрила Прабупада одпатива со брод за Њујорк. Тој практично беше без пари, но со верба дека мисијата на неговиот духовен учител ќе вроди плод.На самиот ден кога тој пристигна во Америка и ја здогледа сивата магла насобрана околу врвовите на облакодерите, тој ги запиша следните зборови во својот дневник: „Мој драг Господе Кришна, јас сум сигурен дека кога оваа трансцендентална порака ќе навлезе во нивните срца, тие засигурно ќе се почувствуваат задоволни и така ќе се ослободат од сите несреќни состојби на животот“ Подоцна, А.Л Башам, еден од светските водечки авторитети на полето на индиската историја и култура, запиша: “Движењето Харе Кришна се издигна од ништо и во следните дваесетина години стана позната на целиот Запад. Ова е значаен факт во историјата на Западниот Свет.“ За само 12 години, без разлика на неговото поодминато доба, Шрила Прабупада ја заокружи Земјината топка 14 пати на турнеји на кои одржуваше предавања, на шест континента. Сепак оваа напорна шема не го успори неговиот обилен литературен придонес. Неговите писанија ја сочинуваат позамашната библиотека на Ведската филозофија, религија, литература и култура.

Всушност, неговиот најзначаен придонес се неговите книги. Високоценети од академиците поради нивната авторитативност, длабочина и јасност, тие се употребуваат како прирачници во многу универзитетски курсеви. Гери Гилејд, професор на одделот за Филозофија на Оксфордскиот Универзитет, запиша за нив: “Овие текстови треба да бидат ценети. Никој од било која вера или филозофско убедување кој ги чита овие книги со отворен ум не може а да не биде трогнат и импресиониран“. И Д-р Лери Шин од колеџот на уметности и науки од универзитетот Бакнил запиша: “ Личната побожност на Прабупада му дава вистински авторитет. Тој ги покажа потполните начела на списите и невообичаената длабочина на спознанието, и несекојдневен личен пример, затоа што тој всушност го живееше тоа што го поучуваше“. Неговите писанија се преведени на преку 50 јазици. Бактиведанта Бук Траст, основан во 1972 со цел да го објавува творештвото на Неговата Божествена Милост, постана најголем светски издавач на книги од областа на индиската религија и филозофија. 450 милиони копии на преку 50 јазици се продадени до крајот на 1991. Пред да си замине од планетава, на 14 ноември 1977, тој го водеше своето Друштво и го надгледуваше како прераснува во светска федерација на повеќе од сто илјади ашрами, школи, храмови, институти, и фарми—комуни.