Афроазиски јазици

(Пренасочено од Афро-азиски јазици)

Афроазиските јазици сочинуваат големо јазично семејство со околу 375 живи јазика[2] со над 350 милиони говорници во Северна Африка, Источна Африка и Југозападна Азија. Најмногу зборуван афроазиски јазик е арапскиот јазик со околу 230 милиони говорници.[3] Покрај денешните живи јазици, во групата на афроазиски јазици спаѓаат и некои мртви јазици како на пример египетскиот јазик, библискиот хебрејски јазик и акадскиот јазик.

Афроазиски јазици
Географска
распространетост:
Северна Африка, Југозападна Азија, Западна Африка, Источна Африка
Класификација:Едно од основните јазични семејства
Гранки:
омотски (понекогаш оспорено)[1]
ISO 639-2 и 639-5:afa
[[File:
|300px]]

Поимот „афроазиски“ бил создаден од Морис Делафос. Сепак овој поим не се користел многу, сè додека не бил прифатен од Џозеф Гринберг со што се заменил стариот назив хамитско-семитски јазици.

Јазици и распространетост

уреди
 
Шема на предлози за класификација на афроазиските јазици.

Афроазиските јазици, во најголем дел од лингвистичката литература, се составени од следните јазични подгрупи:

Наводи

уреди
  1. Sands, Bonny (2009). "Africa’s Linguistic Diversity". Language and Linguistics Compass 3/2 (2009): 559–580, 10.1111/j.1749-818x.2008.00124.x
  2. Ethnologue family tree for Afroasiatic languages
  3. Languages of the World

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди