Атанас Димов Иванов бил македонски просветен деец и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Атанас Иванов
Роден 1871
Прилеп, Македонија
Починал 1956
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Атанас Иванов е роден 1874 г. во Прилеп како син на крчмарот Иван Димов и на Стојна Бавчанка. Неговата мајка е главен организатор на ВМРО во Прилепско преку која се организирало собирање на храна и оружје а во нивниот дом се лекувале и нашле засолниште голем број на револуционери меѓу кои и Гоце Делчев во 1901 г. Во нивната куќа била и редакцијата на илегалниот весник „Шило„ редактиран од свештеникот Јордан Ангелов.

Брат е на учителите Кочо Иванов и Марија Иванова кои исто така се занимавале со револуционерна дејност.
Иванов по завршувањето на образованието учителствува во прилепските села Небрегово, Бучин, Дуње и Варош, а потоа во Прилеп и Ресен. Се вклучува во ВМРО и станува секретар на првиот револуционерен комитет во Прилеп. Иванов постојано одржува контакти со комитетот и околиските чети и организира терористички групи. Поради тоа неколкупати е апсен а во периодот од јануари до декември 1902 лежи во Битолскиот затвор. По излегувањето од затворот се приклучува во четата на Петар Ацев, а од пролетта 1903 г. е секретар на четата на војводата Христо Оклев- Попето .

Во 1904 г. заедно со неговиот брат Кочо се префрла во Бугарија. Таму станува член на Прилепското братство во Софија каде што работи во дирекцијата за статистика.

Во 1912 г. учествува во Балканската војна како фелдшер (Помошник лекар). По војната се повлекува и сè до смртта во 1956 г. работи како ситен трговец во Софија. Има еден син [1]

Извори

уреди
  1. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 104.