Тертер
Династијата Тертер (бугарски: Тертер) — бугарска благородничка и владетелска династија со куманско потекло,[1] која води потекло од куманската династија Тертероба, кои владееле со Второто Бугарско Царство помеѓу 1280 и 1292, како и помеѓу 1300 и 1323.
Тертер Тертеровци | |
---|---|
Претходна династија | Тертероба |
Прпадност | Кумано-бугарска |
Основана | 1280 |
Основач | Алдимир |
Тековен владетел | Extinct |
Титули | кнез, цар |
Распад | 1323 |
Историја
уредиНајстариот претставник на оваа династија во Бугарија е деспотот Алдимир (Елтимир) и неговиот постар брат Георги Тертер кој станал цар на Бугарија (1280-1292). За време на неговото владеење, Бугарија била под де факто контрола на Златната Орда, по желба на Ногај Кан бил избран следниот владетел на Бугарија, Смилец (1292-1298), кој потекнувал од друга благородна фамилија, и бил наследен од неговиот син Иван II (1298-1299). Во 1299–1300, Бугарија била контролирана од Mонголот Чака. Чака бил симнат од престолот од страна на синот на Георги Тертер, Теодор Светослав (1300-1321), при што започнал вториот период на владеење на династијата Тертер, кој продолжил и со владеењето на неговиот син, Георги II.
Потоа со Бугарија владеела династијата Шишман од Видин, која исто така имала делумно куманско потекло.[2]
Список на монарси
уредиСлика | Име | Роден | Владеел | Сопруга | Починал | Родители |
---|---|---|---|---|---|---|
Георги Тертер I | 1280–1292 |
Марија Тертер Кира Марија Асенина |
1308/1309 | непознати | ||
Теодор Светослав | 1270ти | 1300–1322 | Ефросина Теодора Палеологина |
1322 | Син на Георги Тертер I и Марија Тертер | |
Георги Тертер II | 1322–1323 | 1323 | Син на Теодор Светослав и Ефросина |