Мицо Асен
Мицо Асен (бугарски: Мицо Асен), на грчки, Μύτζης, Mytzēs, бил цар на Бугарија од 1256 до 1257.
Мицо Асен | |
---|---|
Монета припишана на Мицо Асен | |
цар на Бугарија | |
На престол | 1256–1257 |
Претходник | Калиман II Асен |
Наследник | Константин Асен |
Починал(а) | пред 1277/78 |
Сопружник | Марија или Ана/Теодора |
Деца | Јован Асен III Марија |
Владеење
уредиМицо Асен се искачил на тронот врз основа на неговиот брак со ќерката на Јован Асен II и Ирина Комнина.[1] Името на неговата жена не е никаде наведено; традиционално таа е идентификувана како Марија,[2] но можеби е поверојатно таа да била Ана/Теодора.[3] Датумите на неговото раѓање и смрт, како и неговите предци се непознати, но нити неговото име (кое се наоѓа и во официјален контекст и не е деминутив од „Михаил“), нити неговата кариера опишана во византиските извори дозволуваат негова идентификација со Михаил, синот на рускиот кнез и унгарски бан Ростислав Михајлович, нити со друг член од Черниговската династија. Веројатно е дека, како и неговиот наследник Константин, синот на Тих, Мицо го усвоил имета Асен по неговото стапување на тронот.[4]
Тој се прогласил за цар на Бугарија по убиството на братучедот на неговата сопруга, царот Калиман Асен II, во 1256. Иако можеби тој добил некаква поддршка во престолнината Трново, а можеби и во Преслав, тој се соочич со непријателство на голем дел од провинциското благородништво.[5] Навистина, не е јасно до кој степен тој можел да ја потврди и одржи својата контрола над престолнината.[6] По неуспешната кампања против Теодор II Ласкарис, никејскиот цар, Мицо ја изгубил поддршката и помеѓу поданиците.[7]
Кога благородниците го прогласиле Константин Асен I за цар, Мицо Асен и неговото семејство пребегнале од престолнината во 1257 и се обиделе да се спротивстават од Преслав, а потоа од Месембрија (денешен Несебар). Во замена за азил и земји, тој му ги предал Месембрија и околината на императорот Михаил VIII Палеолог во 1261[8] или 1263 [9] и побарал засолниште во Никеја. Му била дадена земја во Троадa, каде што останал со својата фамилија, станувајќи предок на византиската гранка од династијата Асениди. Датумот на неговата смрт не е познат, но веројатно е дека во 1277/1278 не бил жив, кога неговиот син Јован Асен III бил изнесен како претендент на бугарскиот трон од страна на византискиот император Михаил VIII.[10]
Семејство
уредиВо бракот со Марија или Ана/Теодора, познати се две деца на Мицо Асен:
- Јован Асен III, цар на Бугарија од 1279–1280.
- Кира Марија, која се омажила за Георги Тертер I, цар на Бугарија од 1280–1292.
Наводи
уреди- ↑ Fine 1987: 172; Andreev et al. 2012: 494.
- ↑ Zlatarski 1940: 471, n. 6; Božilov 1985: 110-111.
- ↑ Mladjov 2012: 487-490.
- ↑ Andreev et al. 2012: 494; Mladjov 2015: 273.
- ↑ Božilov 1985: 111.
- ↑ Fine 1987: 172-173; Popov 2020: 35-36.
- ↑ Andreev et al. 2012: 495.
- ↑ Božilov 1985: 112.
- ↑ Fine 1987: 173.
- ↑ Fine 1987: 173; Andreev et al. 2012: 495.
Извори
уреди- Andreev, Jordan, et al., Koj koj e v srednovekovna Bălgarija, 3rd ed., Sofia, 2012.
- Božilov, Ivan, Familijata na Asenevci (1186–1460), Sofia, 1985.
- Fine, John Van Antwerp, The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest, Ann Arbor, 1987.
- Mladjov, Ian, "The Children of Ivan Asen II and Eirēnē Komnēnē," Bulgaria Mediaevalis 3 (2012) 403-418 online
- Mladjov, Ian, "Monarchs' Names and Numbering in the Second Bulgarian State," Studia Ceranea 5 (2015) 267-310 online.
- Popov, Tenčo, Studii vǎrhu bǎlgarskoto srednovekovno monetosečene s izvodi za istorijata, Sofia, 2020.
- Zlatarski, Vasil, Istorija na bălgarskata dăržava prez srednite vekove 3: Vtoro Bălgarsko Carstvo: Bălgarija pri Asenevci (1187–1280), Sofia, 1940.