Арсен трифлуорид

хемиско соединение

Арсен трифлуорид — хемиско соединение на арсен и флуор со хемиска формула AsF3. Тоа е безбојна течност која лесно реагира со вода.[3]

Арсен трифлуорид
Назнаки
7784-35-2 Ок
ChemSpider 22975 Ок
EC-број 232-060-0
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 24571
RTECS-бр. CG5775000
UNII R4I21S44T9
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед безбојна мрсна течност
Густина 2.666 g/cm3 (0 °C)[1]
Точка на топење
Точка на вриење
се распаѓа
Растворливост растворливо во алкохол, диетил етер, бензен и амонијак
Опасност
Безбедност при работа:
Главни опасности
Tоксично, корозивно
GHS-ознаки:
Пиктограми
GHS06: Токсично
Сигнални зборови
Опасност
Изјави за опасност
H301, H311, H331
Изјави за претпазливост
P261, P264, P270, P271, P280, P301+P310, P302+P352, P304+P340, P311, P312, P321, P322, P330, P361, P363, P403+P233, P405, P501
NIOSH (здравствени граници во САД):
PEL (дозволива)
[1910.1018] TWA 0.010 mg/m3[2]
REL (препорачана)
Ca C 0.002 mg/m3 [15-minute][2]
IDLH (непосредна опасност)
Ca [5 mg/m3 (as As)][2]
Термохемија
Ст. енталпија на
образување
ΔfHo298
-821.3 kJ/mol
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Подготовка и својства

уреди

Може да се подготви со реакција на флуороводород, HF, со арсен триоксид:[3]

6HF + As2O3 → 2AsF3 + 3H2O

Има пирамидална молекуларна структура во гасната фаза која е присутна и во цврстата.[3] Во гасната фаза, должината на врската As-F е 170,6 pm и аголот на врската F-As-F 96,2°.[4]

Арсен трифлуорид се користи како флуорирачки агенс за конверзија на неметални хлориди во флуориди, во овој поглед тој е помалку реактивен од SbF3.[3]

Соли кои содржат AsF4 анјон може да се подготват на пример CsAsF4.[5] Калиумовата сол KAs2F7 подготвена од KF и AsF3 содржи молекули AsF4 и AsF3 со докази за интеракција помеѓу молекулата AsF3 и анјонот.

AsF3 реагира со SbF5. Добиениот производ може да се опише како јонско соединение AsF2+ SbF6. Сепак, авторите заклучиле дека формираниот производ не може да се гледа само како јонско соединение ниту целосно како неутрален додаток AsF3SbF5. Кристалната структура прикажува одлики и на јонски пар и на неутрален додаток, земајќи ја средината помеѓу двата модели.[6]

Наводи

уреди
  1. Pradyot Patnaik. Handbook of Inorganic Chemicals. McGraw-Hill, 2002, ISBN 0-07-049439-8
  2. 2,0 2,1 2,2 „Џебен водич за опасните хемиски материи #0038“. Национален институт за безбедност и здравје при работа (NIOSH). (англиски)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Greenwood, Norman N.; Earnshaw, Alan (1997). Chemistry of the Elements (2. изд.). Butterworth-Heinemann. ISBN 0080379419.
  4. Wells A.F. (1984) Structural Inorganic Chemistry 5th edition Oxford Science Publications ISBN 0-19-855370-6
  5. New alkali metal and tetramethylammonium tetrafluoroarsenates(III), their vibrational spectra and crystal structure of cesium tetrafluoroarsenate(III)Klampfer P, Benkič P, Lesar A, Volavšek B, Ponikvar M, Jesih A., Collect. Czech. Chem. Commun. 2004, 69, 339-350 doi:10.1135/cccc20040339
  6. Fluoride crystal structures. Part XV. Arsenic trifluoride–antimony pentafluoride, Edwards A. J., Sills R. J. C. J. Chem. Soc. A, 1971, 942 - 945, doi:10.1039/J19710000942