Арсениј Петрович Јацењук (украински: Арсеній Петрович Яценюк) (р. 22 мај 1974, Черновци, Черновечка област) е поренешен претседател на Врховната рада на Украина, адвокат и економист. Пред да стане претседател на Врховната рада, повремено бил и министер за надворешни работи.[4]

Арсениј Јацењук
Арсеній Яценюк
Претседател на Врховна рада
На должноста
4 декември 2007 – 12 ноември 2008
Претседател Виктор Јушченко
Претходник Александр Мороз
Наследник Владимир Литвин (вршител на должност)
Министерство за надворешни работи
На должноста
21 март 2007 – 4 декември 2007
Премиер Виктор Јанукович
Претходник Владимир Огризко (вршител на должност)
Наследник Владимир Огризко
Лични податоци
Роден(а) Арсениј Петрович Јацењук
22 мај 1974
Черновци, Украинска ССР
Партија Независен (пред 2008)[1]
Фронт за промена (2008–денес)
Други припадности Народна самоодбрана на Наша Украина (пред 2007)
Комитет за отпор кон диктатурата (2011–денес)
Сопружник Тереза Викторовна (1970–денес)[2]
Деца Христина
Софија[3]
Вероисповед Украинско православие
Потпис
Портал Официјално мрежно место

Студирал на Черновечкиот државен универзитет (1996), Черновечкиот трговско-економски универзитет (2001). Зборува украински, руски и англиски.

Животопис

уреди

Откако започнал со студии на Черновечкиот универзитет, Арсениј ја основал студентската адвокатска фирма „ЮРЕК Лтд.“ (Черновци). Бил нејзин претседател во периодот 1992-1997 г. Следните три години работел како советник на кредитната комора и помошник претседател на банката „Аваль“. Студиите по економија ги завршил во 2001 г. и веднаш стапил на должноста министер за економија во автономната Република Крим. Таа функција ја обавувал две години.

Неговата политичка активност започнува со доаѓањето на местото помошник на претседателот на Националната банка на Украина, во јануари 2004 г. Во тоа време претседател на Националната банка бил Сергеј Тигипко, со кој имал многу коректни односи. Кога Тигипко ја напуштил таа функција, Јацењук привремено го заземал неговото место. Потоа следела поканата од новоназначениот гувернер на Одеската област, Васил Цушко, кој му ја понудил вице-гувернерската позиција, т.е. помошник на претседателот на Одеска обласна државна администрација. Арсениј на ова работно место се задржал седум месеци, бидејќи на 27 септември 2005 г. влегол во владиниот кабинет на Јуриј Јехануров како министер за економија. По предлог на претседателот Виктор Јушченко, Јацењук станал новиот министер за надворешни работи на Украина, во кус временски интервал од 21 март 2007 до 4 декември 2007 г.[5] Во времето на вонредните парламентарни избори, станал пратеник од НУ-НС (партијата на Јушченко).

На 4 декември 2007 беше избран за претседател на Врховната рада (со 227 гласови поддршка од 225 потребни). Поради политичката криза во Украина (септември 2008), Јацењук понудил ја неговата оставка од местото за претседател на Врховната рада. Парламентот ја прифатил со 233 гласа „за“ од потребните 226 (неопходно мнозинство во 450 члениот Парламент).[6] На 21 ноември 2008 г. Арсениј беше разрешен од Националниот совет за државна безбедност од страна на претседателот Виктор Јушченко.[7]

Наводи

уреди
  1. „Изборна список на партијата (целосна)“. Централна изборна комисија на Украина. Архивирано од изворникот на 2011-06-07. Посетено на 2007-12-04. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. „Арсениј Јацењук, нов милионер во кабинетот на Јанукович“ (руски). Украинска Правда. 2007-03-21.
  3. Свобода, Радіо (2007-03-21). „Биографија од Радио Слобода“. Радіо Свобода (украински). Радио Слобода.
  4. Украинскиот претседател ќе го предложи Арсениј Јаценјук за шеф на дипломатијата; преземено од порталот ИдиВиди (20 март 2007)
  5. Арсениј Јаценјук е нов министер за надворешни работи на Украина; преземено од порталот ИдиВиди (21 март 2007)
  6. Парламентот на Украина ја прифати оставката на претседателот Арсениј Јаценјук; преземено од порталот ИдиВиди (12 ноември 2008)
  7. Расплет украјинске политичке кризе на јесен? Архивирано на 30 декември 2012 г.; преземено од Нова Српска Политичка Мисла (17 мај 2009) (српски)

Надворешни врски

уреди