Арамиска Пештера (Гарниково)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Арамиска Пештера

Карта

Местоположба 41°20′02″N 22°02′18″E / 41.33389° СГШ; 22.03833° ИГД / 41.33389; 22.03833
Основни податоци
Место Гарниково
Општина Кавадарци
Тип

 некропола


Период римско време
Портал „Археологија“

Арамиска Пештераархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Гарниково. Претставува некропола од римско време.

Местоположба

уреди

Се наоѓа на границата меѓу атарите на селата Гарниково и Бојанчиште, на левиот брег на селската река, преку тесен и тешко видлив влез се влегува во мала пештера чии димензии не се точно дефинирани. На околу стотина метри од влезот се слуша бучава од рекичката која понира.[1]

Ископувања и наоди

уреди

Во предниот дел на пештерата биле вршени погребувањa на тој начин што покојниците биле ставана во издлабени места, како мали галерии. Интересен е фактот што коските на покојниците се покриени со сталагмитска маса, со што се петрифицирани, односно трајно конзервирани. Најдени се 12 бронзени монети, 2 белезици и 1 прстен што се чуваат кај физичко лице.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 146. ISBN 9989-649-28-6.