Апостол Филип
Свети Апостол Филип е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос.
Свети Филип | |
---|---|
апостол | |
Роден(а) | непознато, Витсаида |
Починал(а) | 80 година, Јерапол, |
Почитуван(а) во | Христијанство |
Слава | 4 мај (Римокатоличка црква), 14 ноември (Православна црква), 1 мај (Англиканска црква |
Роден е во Витсаида, Галилеја, исто како и Апостол Петар и Апостол Андреј. Според Библијата, тој бил повикан од страна на Исус Христос да го следи и да му стане апостол. Тогаш тој се запознал и со Натанаил, кој според мислењата, се смета дека е другото име на апостол Вартоломеј.
Евангелието го проповедал во Галилеја, Грција, Аварија, Етиопија. Според верувањата, во Грција евреите сакале да го погубат, но тој успеал да се спаси со помош на Господ, каде подоцна еврејскиот архијереј ослепел. Вршејќи чуда, воскреснал мртовец од Јерапол . Негови придужници се сестра му Маријамна и Апостол Вартоломеј. Во фригискиот град Јерапол се сретнал со друг мисионер - Апостол Јован. Овде имало некоја опасна змија, која надбожниците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог. Со Божјата молитва, тој, заедно со Свети Вартоломеј таа змија ја усмртиле. Со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе. Свети Филип бил затворен и распнат на дрво со главата надолу, заедно со Свети Вартоломеј. Тогаш, според верувањата, се отворила земјата и роголтала судијата и мнозина истомисленици како него. Луѓето, исплашени трчале да ги симнат распнетите светци, но успеале да го задржат само Свети Вартоломеј а Свети Филип веќе бил издивнат.
Моштите на Свети Филип подоцна биле префрлени во Рим.