Апостол Лука (Евангелист)

(Пренасочено од Апостол Лука)

Апостол Лука е еден од четирите евангелисти чии дела денеска се наоѓаат во Новиот завет. Според едни, тој им припаѓал на Дванаесет апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во Седумдесет апостоли. По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.

Свети Лука Евангелист
Апостол, Евангелист, Маченик
Роден(а) Антиохија, Сирија, Римско Царство
Починал(а) околу 84, near Беотија, Грција
Почитуван(а) во Римокатоличка црква, Православие, Источни католички цркви, Англиканска црква, Лутеранска црква
Главно светилиште Падова, Италија
Слава 18 октомври
Заштитништво Артист, лекар, сликар[1]

Се смета дека Лука бил по националност Грк, роден во Антиохија. Во младоста се занимавал со изучување на старогрчката филозофија, медицина и иконопис. Според теоријата, Апостол Лука бил оној кој го повикал на Апостол Павле да дојде во Македонија. Се смета дека тој бил првиот кој ги насликал иконите на Исус Христос, Пресвета Богородица и на апостолите Петар и Павле. Апостол Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис.

По смртта на апостол Павле тој заминал да го проповеда Евангелието во Италија, Далмација и Македонија.

Свети Лука го напишал третото Евангелие од Новиот завет. Во преден план, евангелието на Лука било наменето за христијанските заедници, кои се состоеле претежно од луѓе кои претходно верувле во паганските обичаи или пак евреи. Некои редови од евангелието, како Parable of the Prodigal Son и Parable of the Good Samaritan се споменуваат само во ова евангелие. Исто така, ова евангелие дава посебен акцент на молитвата, улогата на Светиот Дух.[2] Освен ова евангелие, се смета дека апостол Лука ги напишал и Апостолските дела.[3] Всушност, Делата на светите апостоли и Евангелието на Лука во некои изданија на Библијата биле претставени како една книга.[4]

Апостол Лука доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на императорот Константин Велики било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј.

Нзводи

уреди
  1. „Saint Luke the Evangelist“. Star Quest Production Network. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2008-12-27.
  2. Donald Guthrie, New Testament Introduction (Leicester, England: Apollos, 1990), p. 105.
  3. Udo Schnelle, The History and Theology of the New Testament Writings, p. 259.
  4. The Books of The Bible (Colorado Springs: International Bible Society, 2007); The Original New Testament (San Francisco: Harper & Row, 1985).

Надворешни врски

уреди