Апелерн
Апелерн (германски: Apelern) — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Апелерн | |
Црква во Апелерн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Шаумбург |
Општ. заед. | Роденберг |
Месни единици | 6 |
Градоначалник | Андреас Келе (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 24,6 км2 |
Надм. височина | 81 м |
Население | 2.405 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 98 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SHG |
Пошт. бр. | 31552 |
Повик. бр. | 05043 |
Местоположба на Апелерн во рамките на округот Шаумбург | |
Координати | 52°17′25″N 9°20′14″E / 52.29028° СГШ; 9.33722° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината се наоѓа во долината Дајстер-Зинтел, западно од сојузниот автопат Б2 кај Лауенау и јужно од Роденберг. Низ местото поминува потокот Рисбах, кој се влева во Роденбергер Ауе.
Општински единици
уредиОпштината се состои од местата:
- Апелерн со станбените места Апелерн и Ризенмиле
- Грос Хегесдорф
- Клајнхегесдорф
- Лирен со Ребрухсмиле
- Рајнсдорф
- Золдорф
Соседни општини
уредиСоседни општини се: Бекедорф, градот Роденберг, општините Лауенау, Поле и Ауетал, како и градот Штатхаген.
Историја
уредиПостоењето на Апелерн е документирано во 1162 година, кога била подигната црквата. Името означува „на јаболкница“ и постојат јаболкници во паркот на дворецот Минхаузен и денес. Во саксонски времиња (околу VIII и IX век), Апелерн бил црковно и судско средиште. Кон крајот на XII век, црквата била главна црква на Букигау.
Како многу села во Германија, неговата историја е тесно поврзана со локалното благородништво. Последните 300 до 400 години, благородничките семејства Минхаузен и Хамерштајн оставиле трага на селото.
Знаменитости
уредиГрадби вредни за посета во селото се:
- Главната црква изградена околу 1162 година
- Замок Минхаузен (1561)
- Замок Хамерштајн (1590)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Апелерн на Ризницата ?
- Официјалната страница на општинската заедница Архивирано на 22 ноември 2007 г.
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |