Антракс
Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори – Bacillus anthracis. Иако антраксот претежно ја афектира само домашната стока и дивите животни, луѓето можат да се инфицираат преку директен и индиректен контакт со заразените животни. Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата. Најчесто, антраксната бактерија навлегува во телото преку рана на кожата. Исто така, човекот може да се зарази преку консумирање на контаминирано месо или со вдишување на спорите од антраксот. Знаците и симптоми, во зависност од начинот на заразување, може да варираат од кожни рани, па сè до гадење, повраќање и системски шок.
Антракс | |
---|---|
Фотомикрографија на Грамова обојување на бактеријата Bacillus anthracis која предизвикува антракс | |
Специјалност | Заразна болест, Ветерина |
Симптоми
уредиПостојат три типови на антракс, и секој од нив има различни знаци и симптоми. Во повеќето случаи, симптомите се развиваат во рок од 7 дена по експозицијата на оваа бактерија.
Видови антракс
уредиКутан (кожен) антракс
уредиОваа форма на антракс се јавува кога спорите навлегуваат во телото преку исекотина или преку други рани на кожата. Ова е најчестата форма на антракс, но и најблагата. Со соодветен третман, кутаниот антракс ретко е фатален. Знаците и симптомите на кутаната форма вклучуваат:
- подигнат јазол на кожата што чеша, кој наликува на убод од инсект, и кој набрзо се претвора во безболна рана со црн центар
- оток околу раната и во околните лимгни јазли.
Гасноинтестинален антракс
уредиОваа форма се јавува при консумирање на недоволно зготвено месо, кое потекнува од заразено животно. Знаци и симптомите вклучуваат:
- гадење
- повраќање, кое најчесто е со примси на крв во подоцнежните стадиуми на болеста
- губиток на апетит
- треска
- тешка, крвава дијареа во подоцнежните стадиуми на болеста
- болно грло и потешкотии во голтањето
- отечен врат.
Инхалационен(Пулмонален)Антракс
уредиОваа форма се јавува при вдишување на спорите од антракс. Од сите форми, и покрај третманот, оваа е најтешка и скоро секогаш е фатална. Знаците и симптомите вклучуваат:
- грипозни симптоми, како што се болно грло, блага треска, замор и мускулни болки кои може да траат со часови или денови
- умерен дискомфорт во градите
Ако овие симптоми прогредираат, може да се појави:
Етиологија
уредиАнтраксните спори се формираат кога бактеријата се наоѓа во почвата во повеќето делови од светот. Овие спори остануваат непроменети дури и до 60 години, сè додека не бидат внесени во домаќин – најчесто тоа се дивите и домашните животни, како што се овците, говедата, коњите, козите и камилите.
Епидемиологија
уредиЗа човекот да се зарази со антракс, потребен е директен контакт со спорите на антраксот. Ова почесто се случува кај:
- војници на места со висок ризик од антракс
- работници во лаборатории каде што се испитува антракс
- работа во кланици, дерење на кожа, контакт со волна од заразени животни
- ветеринари за крупна стока.
Компликации
уредиНајсериозната компликација на антраксот е фаталното воспаление на мозочните обвивки и ликоворот, кој ги покриваат мозокот и 'рбетниот мозок, кое води до масивно крварење хеморагичен менингитис.
Дијагноза
уредиПред се, лекарот треба да го исклучи постоењето на заболувањата со слични симптоми, како што се грипот или пневмонија. Откако ќе се направи тоа, се вршат понатамошни тестови за дијагноза на антракс, како што се:
- Кожна биопсија. Делче од кожата од суспектната лезија се отстранува за биопсија, за можно присуство на кутан антракс.
- Крвни тестови
- РТГ на граден кош или комјутеризирана томографија. Овие процедури се корисни за инхалациониот антракс.
- Ендоскопија и примерок од столица. За дијагноза на гастроинтестиналната форма, потребно е изведување на овие процедури.
- Лумбална пункција.
Терапија
уредиСтандардниот третман за антракс претставува 60-дневен антибиотски третман, со ципрофлоксацин или доксициклин. Дали единечната или комбинираната терапија ќе се користи, зависи од типот на антракс кој постои кај заболеното лице, како и од останатите здравствени фактори.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Надворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |
Антраксот како мотив во популарната култура
уреди- „Антракс“ (Anthrax) - американска треш-метал група.
- „Љубов како антракс“ (Love Like Anthrax) - песна на британската рок-група „Генг оф фор“ (Gang Of Four) од 1979 година.[1]