Анто Божиноски ( 1926 во Речани (Зајаско), Кичевско1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Анто Божиноски
Роден 1926 година
Речани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец
Споменик на борците од НОВ на Македонија во Светораче, меѓу кои е запишан и Анто Божиноски.

Животопис

уреди

По занимање бил земјоделец. Во народно ослободителната војска на Македонија стапил во есента 1944 година во редовите на Петнаесеттата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во повеќе борби за ослободување на Кичево и Гостивар, а потоа заминал на Сремскиот фронт каде загинал при пробојот кај Врпоље во април 1945 година во борба со Германците.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 44.