Антон Јанша (Брезница (Словенија), 20 мај 1734Виена, 13 септември 1773) — дворски пчелар на Марија Терезија и академски сликар.

Антон Јанша
Anton Janša
Роден(а)околу 20 мај 1734
Брезница, Словенија
Починал(а)13 септември 1773
НационалностСловенец
Занимањепчелар
сликар
Познат(а) попионир во модерното пчеларство
Значајни делаРасправа за пчеларството (1771)
Целосен водич за пчеларството

Животопис

уреди

Антон Јанша е роден во Брезница, денешна Словенија, во 1734 година. Во младоста заедно со двајцата браќа изградил ателје во шталата каде тројцата браќа се занимавале со сликање. Иако биле неписмени, во 1766 година браќата заминале во Виена каде се запишале на Академијата за сликарство. Иако бил надарен во сликарството, Антон имал голем интерес за пчеларството. Неговиот татко имал повеќе од сто кошници дома, а соседните земјоделци се собирале во селото за да разговараат за земјоделството и пчеларството.[1] Во 1769 година започнал да работи официјално како пчелар. Царицата Марија Терезија во 1770 година го именувала за дворски пчелар и прв царски инструктор во монархијата.[2] Тој станал првиот назначен учител по пчеларство во сите австриски земји. Тој чувал пчели во кралските градини и патувал низ Австрија, претставувајќи ги своите забелешки за миграцијата на кошниците на различни пасишта.[3]

 
Слика на кошница, Антон Јанша, Брезница, Словенија

Библиографија

уреди

Напишал две книги на германски јазик. Целосниот водич за пчеларството бил објавен по неговата смрт. Марија Терезија по смртта на Јанша издала декрет, со кој ги обврзала сите учители по пчеларство да ги користат неговите книги.[4]

  • Abhandlung vom Schwärmen der Bienen (Расправа за пчеларството), 1771 година.
  • Vollständige Lehre von der Bienenzucht (Целосен водич за пчеларството), 1775 година.

Облик на кошниците

уреди

Во пчеларството е познат по промената на големината и обликот на кошниците така што може да се наредени заедно како блокови. Како сликар, украсувал и пчеларници. Се залагал за преместување на кошниците на пасиштата.

Светски ден на пчелите

уреди

Светскиот ден на пчелата се слави на 20 мај почнувајќи од 2018 година, на денот кога се родил Антон Јанша. Иницијативата за воспоставување на овој ден била Словенија.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Anton Janša“. Bee our guest. Посетено на 26 јули 2020.
  2. 2,0 2,1 „Уједините се да бисте заштитили пчеле“. Пољосфера. Посетено на 26 јули 2020.
  3. „Антон Јанша“. Словенска биографија. Посетено на 26 јули 2020.
  4. „The first beekeeping teacher at the imperial court in Vienna“. Visit Zirovnica. Посетено на 26 јули 2020.

Надворешни врски

уреди