Авионска несреќа кај Охрид (1993)
На 20 ноември 1993 г. на Тројани се срушил авион од типот Јак-42Д на „Авиоимпекс“, кој се враќал за Скопје од Женева, но бил пренасочен кон Охрид поради лошите временски услови на скопскиот аеродром. Сите осум членови на екипажот и 115 од 116-те патници загинале. Единствениот преживеан патник им подлегнал на повредите неколку дена подоцна во охридската болница.
Срушениот авион, на Аеродромот Диселдорф во април 1993 | |
Сумирани податоци за несреќата | |
---|---|
Датум | 20 ноември 1993 |
Патници | 108 |
Екипаж | 8 |
Жртви | 116 |
Преживеани | 0 |
Тип на авионот | Јак-42Д |
Оператор | Авиоимпекс |
Полетал од | Женева, Швајцарија |
Дестинација | Охрид, Македонија |