Антони Мазневски
Антони Мазневски (роден на 27 јануари 1963 година во Скопје) — македонски сликар, вајар и професор на Факултететот за ликовни уметности во Скопје.[1]
Антони Мазневски | ||
Роден | 27 јануари 1963 Скопје, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | сликар вајар | |
Родители | Радмила Мазневска
Павле Мазневски | |
Деца | Мина Мазне
Петар Мазневски Павло Мазневски Алекс Мазне |
Животопис
уредиДипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 1991 година. Во 1995 имал студиски престој на Меѓународната летна Академија во Салцбург (Австрија), а во 1997 во Њујорк, посетувајќи ја програмата ArtsLink. Од 2003 година предава сликарство и цртеж на Факултетот за ликовна уметност во Скопје[2].
Во 2005 година ја претставувал Македонија на Биеналето во Венеција. Темелно ги истражува можностите на разните ликовни дисциплини (сликарство, скулптура, објект, цртеж, инсталација), создавајќи загадочни концептуални проникнувања меѓу надреалното и реалното.
Изложби
уредиСамостојни изложби
уреди- 2008 – Скопје, Мала станица, НГМ
- 2006 – Скопје, Мала галерија
- 2005 – Венеција, Венецијанско биенале, „Бродот на Моцарт“
- 2004 – Скопје, Музеј на современата уметност
- 2003 – Париз, Галерија на Е.М. Сандоз и М. Давид-Вејл
- 2002 – Скопје, Музеј на Град Скопје
- 1999 – Скопје, CIX галерија
- 1998 – Скопје, CIX галерија
- 1997 – Скопје, Младински културен центар
- 1996 – Скопје, Музеј на современата уметност
- 1992 – Скопје, Културно информативен центар
Селектирани групни изложби
уреди- 2007 – Итака (Грција), Меѓународна сликарска изложба
- 2004 – Белград (Србија), Октобарски салон, УЛУС
- 2003 – Виена (Австрија), Колекција на Самлунг Есл, „Крв и мед“
- Венеција (Италија), Венецијанско биенале
- Касел (Германија), Фридерицианум Музеј
- Њујорк (САД), Уметнички простор
- 2002 – Скопје, Музеј на современата уметност
- Белград (Југославија), “Bound/less borders”
- Охрид, Музејот на Робевци
- Висбаден (Германија), „40 години ФЛУКСУС“
- 2000 – Лоѓ (Полска), „Конструкција во процес“
- Ријека (Хрватска), 15 меѓународна изложба на цртеж
- Токио (Јапонија), “Japan Foundation Forum”
- 1999 – Нирнберг (Германија), „Кафен шеќер“, Кунстхаус
- 1998/1999 – Вајмар (Германија), Меѓународен уметнички проект “Letter Box Weimar”
- 1997 – Њујорк, Отворено студио, „Програма Меѓународно студио“
- 1996 – Минхен (Германија), Bayerishe Landesbank Gallery
- Белград (Југославија), Павиљон Вељковиќ, „Радијации – рецентна македонска уметност“
- Скопје, Музеј на современата уметност, „Радијации“
- Скопје, „11 11 портрети“, 3-та годишна изложба на ЅССА, Уметнички град
- 1995/96 – Скопје, 9 1/2 Нова македонска уметност, Музеј на современата уметност
- 1994/95 – Скопје, “Image Box”, Прва годишна изложба на Сорос центарот за современа уметност
- 1991 – Ријека (Хрватска), 16-то југословенско биенале на млади, Модерна галерија
Дипломирал на ФЛУ во Скопје (1991). Во 2005 г. ја претставувал РМ на Биеналето во Венеција. Темелно ги истражува можностите на разните ликовни дисциплини (сликарство, скулптура, објект, цртеж, инсталација), создавајќи загадочни концептуални проникнувања меѓу надреалното и реалното. Ав-тор е на делата: ТВ конструкции, 1966; А се ессе, 1998; Бродот на Моцарт, 2004. С. Аб.-Д.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мазневски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 817. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Антони Мазневски“. Дневник. http://blesok.mk/. 3 јули 2008. Посетено на 2020-08-18. Надворешна врска во
|publisher=
(help)