Антим VII Цариградски
Антим VII Цариградски (c. 1835 - декември 1913) — Вселенски патријарх од 1895 до 1896. Тој починал ово Халки во Турција.
Се родил во периодот меѓу 1827 [1] и 1832 година во селото Пливица Епир. Првично се занимавал со трговија и му помагал на својот татко, но набгу се аинтересирал за црквата. Кога во 1856 година бил прогласен за ѓакон, и го земал името Антим и се придружил на школата во Халки. Таму соученик му бил патријархот Јоаким IV. Тој дипломирал со почести при што се вратил во Јанина, каде служел како свештеник, и професор во месното училиште.
Во 1869, година избран бил за митрополит Прамитски, па проглаасен бил за свештеник и подоцна епископ. Во 1877 година бил епископ Еношки и во 1888 година бил избран заепископ Помориски позиција која ја одбил. Во 1893 година бил избран за епископ на Горички а во 1894 година Лерошки и Калимношки.
Конечно на 20 јануари 1895 година, по оставката на неговиот претходник Неофит VII бил избран за Вселенски патријарх. Овој избор бил одбележан со судири меѓу скараните фракции, кој дури се карале и во патријалната црква.
За врем на неговото начелствување бил пуштена во употреба новата зграда на школата во Халки на 6 октомври 1896 година. Кус период пред избивањето на Грчко-турската војна приватил патеници од националното движење кои сакале да го информираат за целта на организацијата и нивните екстремни планови, кои вклучувале и палење на Истанбул. Заканувајќи им се дека ќе и пријави на властите Антим побарал нивно заминување од градот, што истите го направиле. Исто така за време на неговото начелствување била испратена делегација во Москва, која присуствувала на крунисувањето на царот на русија Никола II. Антим бил одликуан од султанот и царот.
Сепак бил присилен да се повлече на 29 јануари 1897 година, по две години на патријархување, бидејќи ја изгубил довербата на поголем број од претставниците на Светиот синод. По оова се повлекол на островот Бургаз, каде се анимавал со книжевна работа, а подоцна во Шишли, каде починал на 5 декември 1913 година.
Во 1895 година, тој ја критикувал енцикликата Praeclara gratulationis publicae на Лав XIII.
Наводи
уредиИзвори
уреди- Οικουμενικό Πατριαρχείο Архивирано на 2 септември 2018 г.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Неофит VIII |
Цариградски патријарх 1895–1896 |
Наследник Константин V |