Антарктичка Висорамнина

област на Западниот Антарктик

Антарктичка Висорамнина, Поларна Висорамнина или Висорамнина на Кралот Хокон VII — големо подрачје на Источниот Антарктик во пречник од 1.000 км. Ова е огромна континентална висорамнина со просечна надморска висина од 1.500 до 3.000 м. Во оваа област се наоѓаат Јужниот Пол и поларната станица „Амундсен-Скот“.

Ант. Вис. во рамките на Антарктик
Ант. Вис.
Местоположба на висорамнината
Висорамнината кај Купола Ц
Површината на висорамнината со снежно возило

Истражување

уреди

Висорамнината првпат е забележана во 1903 г. за време на експедицијата на „Дискавери“, предводена од Роберт Фалкон Скот. Ернест Шеклтон бил првиот што преминал делови од висорамнината во 1909 г. како дел од експедицијата на „Нимрод“, која се вратила заради временските непогоди кога стасала на само 180 км од Јужниот Пол. Шеклтон ја нарекол „Висорамнина на Едвард VII“ во чест на тогашниот британски крал. Во декемри 1911 г. на враќање од првото патување кон Јужниот Пол, норвешкиот истражувач Роалд Амундсен решил да ја нарече „Висорамнина на Хокон VII“ по новокрунисаниот крал Хокон VII.

Антарктичката Висорамнина е првпат фотографирана од воздух во 1929 г. од четиричлената посада на авионот „Форд Тримотор“ кој бил првиот лет до Јужниот Пол. Главен пилот на овој лет бил Бернт Балхен од Норвешка, а навигатор и главен организатор на експедицијата бил американскиот поморски офицер Ричард Берд. Со нив биле копилотот и фотографот.

Клима

уреди

Поради големата надморска висина, географската положба и крајно долгите тмурни зими, Антарктичката Висорамнина се одликува со најниските температури на Земјата, кои знаат да паднат до -92 °C.[1]

Животни

уреди

Висорамнината не е погодна за живот поради постојаните сурови ветришта, особено во зима.

Застапеноста на микроорганизмите е слаба (<103 клетки/мл стопен снег). Претежно се состои од членови на класата на алфапротеобактериите (на пр. Kiloniellaceae и Rhodobacteraceae), една од најчестите групи бактерии во морските живеалишта; Bacteroidota (на пр. Cryomorphaceae and Flavobacteriaceae); и цијанобактерии. Тие се сметаат за дел од екологијата на висорамнината.[2]

На Антарктичката Висорамнина не живеат пингвини, а единствено чести се снежната бурница и јужнополарниот поморник. На висорамнината има многу малку копнени животни, како и на Антарктикот воопшто: цевчести црви, земјени болви, крлежи, мушички, луѓе и кучиња.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „What is the coldest place on Earth?“. NASA Science. 10 декември 2013. Посетено на 25 мај 2022.
  2. Michaud L, Lo Giudice A, Mysara M, Monsieurs P, Raffa C, Leys N, et al. (2014) Snow Surface Microbiome on the high Antarctic Plateau (DOME C). PLoS ONE 9(8): e104505. doi:10.1371/journal.pone.0104505

77°00′S 150°00′E / 77.000° ЈГШ; 150.000° ИГД / -77.000; 150.000