Ансел Адамс

американски фотограф

Ансел Истон Адамс (англиски: Ansel Easton Adams; 20 февруари 190222 април 1984) — американски фотограф и еколог. Неговите црно-бели фотографии од американскиот запад и Националниот парк Јосемити се често репродуцирани во календари, постери, книги и на семрежјето[1].

Ансел Истон Адамс
Роден 2 февруари 1902
Монтереј Калифорнија
Починал 22 април 1984(1984-04-22) (возр. 82)
Националност Американец
Познат Фотографија и конзерватионизам
Занимање Фотограф
Сопружник Вириџинја Роуз Бест
Мрежно местоanseladams.org

Ансел Адамс заедно со Фред Арчер го развиле зонскиот систем како начин за одредување соодветна експозиција и за подесување на контрастот на финалниот принт. Тоа подоцна резултира во поголема чисњтота на фотографиите и додава тонална длабочина што станува карактеристично за неговите фотографии. Бидејќи Ансел Адамс користел фото апарати со голем формат, како резултат на тоа фотографиите кои ги правел имале екстремно висока резолуција и биле навистина остри.

Адамс ја има создадено фотографската група Ф/64 со неговите пријатели фотографи Вилард Ван Дајк и Едвард Вестон.

Ран живот

уреди

Детство

уреди

Адамс е роден во западниот додаток од Сан Франциско Калифорнија. Тој е единствениот син на Чарлс Хичкок Адамс и Олива Бреј Адамс. Името го добил по својот вујко, Ансел Истон. Семејството на неговата мајка потекнува од Балтимор. Бабата од страна на мајката на Ансел поседувала успешен бизнис за пренос на товар, но го загубила богатството со неуспешна инвестиција во рударство и недвижиин во Невада[2]. Семејството Адамс дошла од Нова Англија, мигрирајќи од Северна Ирска во раниот 18 век. Дедото од татковата страна на Ансел создал и изградил успешен бизнис со дрво, кој потоа бил воден од таткото на Ансел иако природните таленти на таткото на Ансел повеќе водат кон науките отколку со бизнисот. Подоцна во неговиот живот, Адамс ја презирал индустријата за сечење многу од големите црвени шуми.[3]

Во 1907 неговото семејство се преселило 2 милји (3 километри) западно во нов дом близу Сиклиф маалото, јужно од Воената База Пресидио.[4] Домот имал „прекрасен поглед“ на Голден Гејт и полуостровот Марин Хедлендс[5]. Земјотресот на 18 Април 1906 го опустошил Сан Франциско. За време на првичниот земјотрес, четири годишниот Адамс не бил повреден, но во последователните потреси се удрил со лицето во ѕид од градината и со тоа го крши носот и му остава лузна на носот. Дел од најраните сеќавања што ги има Адамс е чадот што се создал од пожарот што го уништил голем дел од градот неколку милји источно. По препорака на доктор, повредениот нос требало да му биде наместен штом порасне.[6] Но сепак носот му останал крив целиот живот.[7]

Аданс бил хиперактивно дете склоно на болести и хипохондрија. Немал многу пријатели, но семејната куќа и околина на висините кои го надгледуваат „Голден Гејт“ му дале доволно детски активности. Немал доволно трпение за спортови и игри, но бил фасциниран од природата уште на рани години. Тоа го изразувал собирајќи бубачки, истражувајќи ја реката „Лобос Крик“ сè до „Баркер Бич“ и морските карпи што воделе до „Лендс Енд“, најкарпестото крајбрежје на Сан Франциско[5][8]. Имено, тоа место е полно со бродоломи и свлечишта на земјиштето.[9]

Неговиот татко купил три инчен телескоп и двајцата ќе ја земат аматерската астрономија како хоби со посетувањето на Лик Опсерваторијата. Неговиот татко почнал да работи како секретар за финансии на Тихоокеанското Астрономско Здружение од 1925 до 1950.[10]

Бизносот на таткото на Ансел претрпел големи финансиски загуби по смрттана дедото на Ансел и последиците од Банкарската Паника во 1907. Дел од загубите се должат на вујкото на Ансел, Ансел Истон и таткото на Чедрик Врајт, Џорџ Врајт, кои тајно ги продале нивните акции од компанијата на Хавајскиот Шеќерен Фонд за голема сума на пари, со тоа свесно создале контролна камата[11]. Во текот на 1912 стандардот на живот на семејството опаднал драстично.[12]

Ансел бил одбиен од неколку приватни училишта поради тоа што бил непослушен и нередовен, и со тоа неговиот татко одлучил да го отпише од школување на 12 годишна возраст. Адамс потоа бил образован од приватни тутори, неговата тетка Мери, и неговиот татко. Неговата тетка Мери била следбеник на Роберт Г. Ингерсол, агностик од 19 век, аболиционист, и адвокат за правото на глас на жените. Поради неговата тетка, учењата од Ингерсол биле од голема важност за воспитувањето на Ансел.[13]. За време на Панамско-Тихоокеанското Експо во 1915 година, таткото на Ансел инсистирал да Ансел ги проучува изложбите како дел од неговата едукација. [14] По некое време Ансел се вратил во училиште и го завршил неговото формално образование во Кејт М. Вилкинс приватното училиште. Школувањето до осмо одделение го завршил на 8 јуни 1917 година. Во неговите подоцни години ја закачил дипломата над гостинската спална во неговиот дом.[15]

Рана младост

уреди

Адамс започнал да се интересира за пијано на 12 годишна возраст, и музиката станала главниот фокус на неговата понатамошна младост. Неговит татко го пратил кај учителот за пијано Мери Батлер, кој се фокусирал на прецизност и перфекционизам. По четири години учење кај нејзе, тој продолжил кај други учители, еден од нив бил композиторот Хенри Коуел[16]. Следните 12 години, пијаното била главната окупација на Ансел и до 1920 била неговата посакувана професија. Иако подоцна тој се откажал од музиката за да се занимава со фотографија, пијаното му донело суштина, дисциплина, и структура на неговата фрустрирачка и избувлива младост. Понатаму, внимателното тренирање и прецизност потребна за еден музичар ја превел во визуелна уметност, како и во неговото влијателно пишување и учење за фотографија.

Адамс првпат го посетил Јосемити Национален Парк во 1916 со неговото семејство.[17] Тој ги запишал неговите први гледишта кон долината: „сјајот на Јосемити експлодираше кон нас и беше величествено... едно чудо по друго се спуштаа кон нас... имаше светлина насекаде.. Целосно нова ера започна за мене.“ Неговиот татко му го дал првиот фотоапарат тогаш Кодак Брауни коцкест Фотоапарат и тој ги направил првите фотографии со неговиот вообичаен хиперактивен ентузијазам.[18] Тој се вратил во Јосемити пак следната година со подобри фотопарати и стативи. во зимата, тој научил основни техники за работа во темна соба работејќи за развивач на фотографии во Сан Франциско.[19] Адамс константно читал списанија за фотографија, учествувал на собири од клубови за фотографија, и константно посетувал уметнички и фотографски изложби. Тој ја истражувал Висока Сиера во летниот период, додека во зима со пензионираниот геолог и аматер орнитолог Френсис Холман. За време на овој период тој развил способности и кондиција потребни за фотографирање на големи висини во тешки временски услови.[20]

 
Крупен кадар од лисја во Ледник Национален Парк (1942)

Додека бил во Јосемити, имал чест контакт со Бест семејството, кои биле сопственици на Бест Студиото, кои му дозволувале да вежба на нивното старо коцкесто пијано. Во 1928, тој се венчал со Вирџинија Бест во Бест Студиото во Долината на Јосемити. Вирџинија го наследила студиото од нејзиниот татко уметник по неговата смрт во 1935, и Адамс продолжил да работи во него до 1971/ Студиото сега е познато како Галеријата на Ансел Адамс и сè уште е во рацете на семејството Адамс.

Ансел се здобил со Шпански Грип за време на Епидемијата на Грип во 1918 и бил сериозно болен, но по неколку месеци оздравел и продолжил со неговиот живот.

На 27 годишна возраст, Адамс се приклучил на Клубот Сиера, група која има за цел да ги заштитува дивите предели на планетата, и бил најмен како летен одржувач на центарот за посета на Клубот Сиера во Долината Јосемити, Меморијалната Ложа Леконт, од 1920 до 1924.[21] Тој останал член целиот негов живот и служел како директор, како што правела и неговата жена. Тој бил првиот избран на одборот на директри на Клубот Сиера во 1934 и служел на тој одбор 37 години сè до 1971.[7] Адамс учествувал во годишните високи искачувања, а подоцна бил одоговрен за неколку први искачувања во Сиера Невада.

Во неговите дваесетти години, поголемиот дел од неговите пријатели дошле од врски со музиката, особено виолинистот и аматер фотограф Чедрик Врајт, кој подоцна станал негов најдобар пријател какои негов филозофски и културен ментор. Нивната заедничка филозофија дошла од Кон Демократија на Едвард Карпентер, пишано дело кое ја прикажува потерата кон убавина и уметност. Неколку години Адамс носел со него џебна верзија додека бил на Јосемити[22] и таа станала неговата лична филозофија исто така. Тој подоцна изјавил „Јас верувам во убавина. Јас верувам во камења и вода, воздух и почва, луѓе и нивната иднина и нивната судбина“.[23] Тој одлучил дека целта на неговата уметност, без разлика дали фотографија или музика, ќе биде да ја открие таа убавина кај другите и да ги инспирира и нив на истата инспирација.

Во лето, Адамс уживал живот со планинарење, кампување и фотографирање, а остатокот од годината работел на подобрување на свирењето пијано, и музичкото изразување. Тој исто така давал часови по пијано за додатна заработка, со која купил големо пијано соодветно на неговите музички амбиции.[24] Ран ученик по пијано бил планинарот и колега водач на Клубот Сиера Џулс Еихорн.

Неговите први фотографии биле објавени во 1921, и Бест Студиото почнало да ги продава неговите принтови од Јосемити следната година. неговите рани фотографии веќе покажувале внимателни композициии чувствителност на тонален баланс. Во писмата и картичките до неговото семејство, тој пишувал за предизвиците во искачувањето на најдобрите видиковци и храброто поразување на лошите елементи.[25] До сега, сепак, Адамс сè уште планирал кариера во музика, иако чувствуавл дека неговите мали раце му го ограничувале репертоарот. [26] Потребни биле седум дополнителни години за Ансел да заклучи дека, во најдобри услови, би бил концертен пијанист со ограничен опсег, поддршка во пијано, или учител по пијано.

Во средината на дваесеттите години, Адамс експериментирал со мек фокус, резбање, Бромоил Процес, и други техники од пикторијал фотографите, како што е водачот во Фотосецесија водена од Алфред Штајглиц кој целел да ја постави фотографијата на исто уметничко ниво со сликарството обидувајќи се да го симулира. Сепак, Адамс се држел настрана од рачно боење кое исто така било популарно во тој период. Тој користел различен асортиман на објективи кои создавале различни ефекти, но со тек на време престанал да се држи до пикторијализмот со цел да стекне пореалистичен пристап кој се засновал многу на остар фокус, засилен контраст, прецизна експозиција, и мајсторство во темната соба.[27]

Фотографска кариера

уреди

1920-тите години

уреди

Во 1927, Адамс го создал неговото прво портфолио во неговиот нов стил Пармелиски Принтови од Високите Сиери, кое ја содржело неговата добро позната фотографија Монолит, Ликот na полусводот фотографирана со неговата Корона камера користејќи стаклени плочи и темноцрвен филтер (за да се зголемат тоналните контрасти). На таа екскурзија, тој имал само уште една плоча останата, и морал да го „визуелизира“ ефектот на затемнетото небо пред да го ризикува последниот обид. Тој подоцна рекол, „Успеав да ја реализирам посакуваната слика: наместо изгледот на субјектот во реалноста, да се добие тоа како што јас го чувствувам и така мора да се прикаже во финалниот принт“.[28] Во април 1927 тој напишал, „Моите фотографии сега стигнуваат стадиум каде што се достојни за критичкото испитување од светот. Одеднаш дојдов до нов стил за кој верувам дека ќе ја постави мојата работа еднаква на било што од тој вид“.[29]

Првото портфолио на Адамс било успешно, заработувајќи околу 3900 долари со спонзорствата и промоциите од Алберт Бендер, стопанственик врзан со уметноста. За кратко време добил комерцијални задачи да фотографира богати патрони кои го купиле неговото портфолио.[30] Тој разбрал колку е важно да неговите внимателно создадени фотографии бидат репродуцирани во најдобро издание. На покана од страна на Бендер, тој се приклучил на Клубот Роксбург, асоцијација задолжена за фин принт и високи стандарди во книжевни уметности. Тој научил многу за техники за печатење, мастила, дизајн, и поставување кој подоцна го применил на други проекти.[31] Во тоа време поголем дел од работата во темната соба ја правел во подрумот од куќата на неговите родители и со тоа бил ограничен со не доволно опрема.

Се венчал со Вирџинија Бест во 1928 по период на ладење за време на 1925-26, за кој имал краткотрајни врски со неколку жени. Младенците се преселиле со нивните родители за да заштедат на трошоци. Неговиот брак исто така го обележал крајот на неговиот сериозен обид за музичка кариера, какои нејзините амбиции за класичен пејач.

 
Црква, Таос Пуебло (1942)

1930-тите години

уреди

Помеѓу 1929 и 1942 делата на Адамс созревале и станал попознат и попризнат. За време на неговата 60 годишна кариера, 1930-тите биле особено продуктивни и експериментални. Тој ја проширил неговата работа со фокусирање на детални крупни кадри, какои големи форми од планини до фабрики.[32] Неговата прва книга Таос Пуебло била објавена во 1930 со текст од писателот Мери Хантер Остин. Во Ново Мексико тој бил запознаен со значајни луѓе од кругот на Штајглиц, вклучувајќи го сликарот Џорџа Окиф, уметникот Џон Марин, и фотографот Пол Странд. Комуникативната и позитивна природа на Адамс, во комбинација со неговото одлично свирење пијано го направило доста популарен во неговите кругови на пријатели уметници.[33] Странд се покажал исклучително влијателен, споделувајќи тајни на неговата техника со Адамс и убедувајќи го Адамс да ја следи фотографијата со целосна енергија и талент. Една од сугестиите на Странд која Адамс ја прифатил е да користи сјајна хартија за да ги зголеми тоналните вредности на фотографиите.

Адамс успеал да ја направи неговата прва соло изложба во музеј на Институтот Смитсонијан во 1931 преку пријател кој имал врски во Вашингтон. Изложбата имала 60 испринтани фотографии фотографирани во Високата Сиера. Тој добил одлични критики од Вашингтон Пост:„Неговите фотографии се како портрети од огромни врвови, кои изгледаат како да се населени од митски богови“.[34] Без разлика на успехот, Адамс чувствувал дека сè уште не е блиску до стандардите на Странд. Тој решил да го рашири спектарот на субјекти со тоа што вклучува мртва природа и фотографии со крупен кадар, и да постигне поголем квалитет со „визуелизација“ на секоја фотографија пред да ја фотографира. Тој стваил акцент на користење на мали отвори на бојективот и долги изложувања на природно светло, кои создавале остри детали со широко поле на фокус, како што е демонстрирано во „Розата и Гранките“ (1933), една од неговите најдобри фотографии со мртва природа.

Во 1932, Адамс имал групно шоу во Музејот М. Х. де Јанг со Имоген Канингам и Едвард Вестон тие за кратко време ја формираат Групата ф/64 која имала за цел да претставува „чиста и правилна фотографија наспроти пикторијализам“. Ф/64 претставува многу мал отвор на објективот кој дава многу широко поле на фокус и повеќе детали во фотографиите. Манифестото на групата читало, „Чистата фотографија е дефинирана како фотографија која не поседува други квалитети, техники, композиции или идеи кои се деривати од други форми на уметност“.[35]

1940-тите години

уреди

1950-тите години

уреди

Доцна кариера

уреди

Наводи

уреди
  1. „Legacy: Think Like Ansel Adams Today“. Outdoor Photographer. Werner. February 3, 2009. Архивирано од изворникот на 2016-04-07. Посетено на January 17, 2013.
  2. Adams 1985, стр. 4.
  3. Alinder 1996, стр. 4.
  4. Whittington 2010.
  5. 5,0 5,1 Alinder 1996, стр. 6.
  6. Alinder 1996, стр. 2.
  7. 7,0 7,1 Sierra Club 2008a.
  8. Adams 1985, стр. 14.
  9. „Lands End“. San Francisco, CA: Golden Gate National Parks Conservancy. Архивирано од изворникот на April 12, 2010. Посетено на April 19, 2010.
  10. Aitken, R. G. (1951). „In Memoriam, Charles Hitchcock Adams 1868–1951“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific, Vol. 63 No. 375. San Francisco, CA: Astronomical Society of the Pacific. стр. 284–286. Посетено на April 19, 2010.
  11. Adams 1985, стр. 40.
  12. Alinder 1996, стр. 9.
  13. Alinder 1996, стр. 11.
  14. Adams 1985, стр. 18.
  15. Alinder 1996, стр. 276.
  16. A. Hammond, p. 15
  17. Stillman 2007, стр. 12.
  18. Adams 1985, стр. 53.
  19. Alinder 1996, стр. 36.
  20. Alinder 1996, стр. 23.
  21. „Environmental Education – LeConte Memorial Lodge“. San Francisco, CA: Sierra Club. Архивирано од изворникот на March 4, 2010. Посетено на April 19, 2010.
  22. Alinder 1996, стр. 47.
  23. Adams 1985, стр. 9.
  24. Adams 1985, стр. 27.
  25. Alinder и др. 1988, стр. 3.
  26. Adams 1985, стр. 28.
  27. Alinder 1996, стр. 38–42.
  28. Adams 1985, стр. 76.
  29. Alinder и др. 1988, стр. 30.
  30. Alinder 1996, стр. 62.
  31. Alinder 1996, стр. 68.
  32. ArtInfo 2006.
  33. Alinder 1996, стр. 73–74.
  34. Alinder 1996, стр. 77.
  35. Alinder 1996, стр. 87.

Извори

уреди