Анри Перишо
Анри Перишо (француски: Henri Perruchot, роден на 27 јануари 1917 во Монсо ле Мен - починал на 17 февруари 1967 во Париз) — француски литературен и уметнички критичар, уредник и писател на биографски романи за уметниците импресионисти и постимпресионисти.
Анри Перишо | |
---|---|
Роден/а | 27 јануари 1917 Монсо ле Мен, Франција |
Починат/а | 17 февруари 1967 Париз, Франција |
Занимање | писател |
Државјанство | Французин |
Биографија
уредиАнри Перишо е роден на 27 јануари 1917 година Монсо ле Мен, Франција, но пораснал и учел во Марсеј и Екс ан Прованс и завршил со диплома по историја на литературата и англиски јазик. По завршувањето станал професор, но како работа тоа не го привлекувало па се преселил во 1945 година во Париз. Работел како уредник и пишувал монографии за уметноста. Подоцна го основал списанието за уметност и дизајн „Градините на уметноста“. Член е на Друштвото на писателите.
Првата книга на Анри Перишо „Maître d'Homme“ била објавена во текот на 1946 година, но позат станал со објавување на деталните биографии на уметниците импресионисти. Во 1961 година Француската академија наградил за делото „Животот на Мане“, а во 1962 година со истата награда за „Животот на Гоген“. Во 1963 година добил Голема награда на Француската академија за севкупна креативност.
Во почетокот на 1967 година, заедно со Франсоа Митеран, бил еден од основачите на Академијата на Морван.
Анри Перишо починал на 17 февруари 1967 година во Париз.
Дела
уреди- Maître d'Homme (1946)
- Patrice (1947)
- Port-Royal (1947)
- Gauguin (1948)
- Les Grotesques (1948)
- Introduction à l'Epiphanisme (1949)
- Nous voulons sauver l'homme (1949)
- La vie de Van Gogh (1955)
- La Haine des masques (1955)
- La vie de Cézanne (1956)
- La vie de Douanier-Rousseau (1957)
- Vingt siècles de vie montargoise (1957)
- La vie de Toulouse Lautrec (1958)
- La France et sa jeunesse (1958)
- Gauguin à Tahiti (1958)
- La vie de Manet (1959)
- La vie de Montherlant (1959) – сборник
- Montefeltro Duc d'Urbin (1960) – сборник
- 'La vie de Gauguin (1961)
- Dix grands peintres (1961)
- L'Art moderne à travers le monde (1963)
- La vie de Rodin (1964)
- La vie de Renoir (1964)
- La vie de Seurat (1966)