Староанглиски јазик

(Пренасочено од Англосаксонски јазик)

Староанглискиот јазик (англиски: Old English, изворно: Englisc, Anglisc, Ænglisc), наречен и англосаксонски јазик[1] е стар облик на современиот англиски јазик. Овој јазик се зборувал во делови на Англија, како и во јужна и источна Шкотска во периодот од средината на V век до средината на XII век. Овој јазик спаѓа во групата на западногерманските јазици. Овој јазик е многу сличен со старофризискиот јазик и старонорвешкиот јазик. Во текот на својата историја, староанглискиот јазик прифатил некои особини од страна на келтскиот јазик.

Староанглиски
Englisc, Anglisc, Ænglisc
Застапен воДенешна Англија (освен најјугозападиот и и најсеверозападниот дел), делови од денешна Шкотска југоисточно од реката Форт и источните погранични предели на денешен Велс.
Изумренсе развил во средноанглиски кон XII век
Јазично семејство
ПисмоРунско, подоцна староанглиска латиница.
Јазични кодови
ISO 639-2ang
ISO 639-3ang
Алфред Велики, статуа во Винчестер, Хемпшир. Англискиот крал од 9 век предложил основното образование да се изучува на англиски јазик, а оние што сакаат да напредуваат, да ги продолжат своите студии на латински
  1. Crystal, David, 1941- (2003). The Cambridge Encyclopedia of the English Language (2 ed., repr. 2006. изд.). Cambridge, U.K.: Cambridge University Press. ISBN 0-521-82348-X. OCLC 52696308.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)