Ламанш

море
(Пренасочено од Англиски Канал)

Ламанш (француски: La Manche) или Англиски Канал (англиски: English Channel) — проток на Атлантскиот Океан кој го одвојува островот Велика Британија од северна Франција и го спојува Атлантскиот Океан со Северното Море. Долг е околу 563 км, а широк околу 240 км. Доверскиот Проток е најјужниот дел на каналот, кој е широк само 34 км (од Довер до ’ртот Гри Не) и се наоѓа на најисточниот дел на преминот. За време на Римското Царство, преминот се нарекувал Oceanus Britannicus, а до 1549 година, „Британско Море“.

Карта на Ламанш и Доверскиот Проток
Карта на тунелот „Довер-Кале“

Ламанш отсекогаш бил природна одбрана од надворешни напади, меѓу другите и од Наполеон I и Германија за време на Втората светска војна. Преку Ламанш се одвивале повеќе инвазии (римското освојување на Британија, норманските освојувања и десантот во Нормандија).

Каналот е релативно плиток, со просечна длабочина од околу 120 м на најширокиот дел па сè до 45 m во делот меѓу Довер и Кале. Каналските Острови се наоѓаат во теснецот, поблиску до францускиот брег.

Во 1994 година под Ламанш е ископан железнички тунел долг 50 километри, што претставува вториот по должина железнички тунел во светот. Овој тунел, наречен „Евротунел“, ги спојува Черитон во Англија и Кале во Франција, а возовите кои минуваат низ него најчесто се на релација Лондон - Париз - Брисел.

Население

уреди

Каналот е густо населен на обата брега. Најважните пристанишни и одморалишни градови вкупно имаат преку 3,5 милиони жители. Најзначајни градови долж каналот (по надолен големински редослед) се следниве:

Англија

уреди
 
Приморскиот дел на Брајтон
 
Борнмут
 
Авр и приморјето
 
Утврдениот град Сен Мало, некогашно упориште на гусарите-корсери
 
Капела на испосникот Хелиер во Сент Хелиер, Џерси

Франција

уреди

Каналски Острови

уреди

Надворешни врски

уреди